Видеото како Халанд одговара на новинарски прашања стана вирално, затоа што 19-годишниот Норвежанец помалку безобразно и арогантно отсечно му одговара на кутриот новинар. Буквално на 11 збора на новинарот, Халанд кажува 12.
Erling Haaland's post-match interview is... something else 🤣🤣🤣pic.twitter.com/UxNpfhY60p
— Goal (@goal) May 16, 2020
Видеото досега го виделе преку 5 милиони луѓе, а во меѓувреме излезе компилација од слични постапки на најдобриот млад напаѓач во Европа во моментов.
I don’t think Erling Haaland is programmed for Interviews. pic.twitter.com/xbvs9WRsnJ
— Javi (@JaviUtd) May 16, 2020
ЗА ТАКВИОТ ОДНОС ГО КРИТИКУВАА УШТЕ ВО АВСТРИЈА
Кога неверојатниот Холанд почна да ја импресионира цела Европа со хет-трикот против Генк во Лига на шампиони, по тој натпревар му одговарал на новинарот со: „Многу добро“, „Се потрудив“ „Се надевам“.
Прес-аташето на Ред Бул Салцбург брзински го истуркало кон екипата, иако тој кадар не западнал во камера.
Халанд сега е на удар на новинарите. Познатиот новинар и голем навивач на Арсенал, Пирс Морган бил шокиран кога го гледал видеото:
„Би рекол дека (Ерлинг Халанд) не е програмиран на елементарни манири. Ерлинг ти си добар играч, млад човек, но твојата безобразност во однос на медиумите е необјаснива“, напиша Морган на Твитер.
Халанд делува арогантно и безобразно но вистината не е таква. Имено во истото интервју, буквално неколку секунди пред да почне да „се пренемага“, Халанд дава коректни одговори повеќе од една минута и тоа задишан веднаш по крајот на мечот.
Everyone talking about the Haaland interview. Here's the full version. It's more than the 11 words at the end that has gone viral.
— Euan McTear (@emctear) May 18, 2020
He actually gives pretty normal answers. pic.twitter.com/8VYCzEn5Et
Младите спортисти, особено тинејџерите (Халанд има едвај 19 години) во принцип не се склони многу да разговараат, особено не машките спортисти. Плус Норвежанецот зборува на англиски којшто не му е мајчин јазик, иако во скандинавските земји нивото на знаење англиски јазик како втор јазик е на највисоко ниво на свет.
НЕОБИЧНА ПРИЧИНА ЗОШТО ХАЛАНД НЕ ЗБОРУВА МНОГУ
Ерлинг е роден во англискиот град Лидс каде фудбал играл татко му, но по кратко време се вратил во Норвешка и живеел во градот Брине (12.000 жители) на југо-западот од Норвешка.
Токму Брине и неговата околина важи за најплодородна земја во цела Норвешка, така што речиси целиот реон е специјализиран на земјоделие и градинарски култури.
„Децата неретко не оделе во школо за да помогнат да се обработи земјата. Тоа е тешка и многу еднолична работа и создава груби луѓе кои сметаат дека размена на љубезни зборови е непотребно губење време. За нив кога мошне кратко се одговара на прашање е нормално, а не грубо. Мајка ми кога се преселила од еден во друг дел на Норвешка, не можела да се навикне таму зошто сакала да муабети а сите други не сакале“, вели новинарот на The Athletic Ларс Сивертсен.
Накратко, станува збор за недоразбирање поради поразличен културолошки код.
Во културата која што го воспитала Халанд, таквите одговори се нормална работа. А за англиското говорно подрачје важи дека се даваат опширни одговори дури и на најглупави прашања.
Во Ред Бул Салцбург, првиот клуб на Халанд надвор од Норвешка, веднаш сфатиле каков карактер има малиот и што е можно поретко го пуштале пред новинарите. Ваква пракса постои не само во Австрија, туку и во многу европски земји како например во Англија.
Во Премиер лигата практично не ги пуштаат на флеш-интервјуата после мечевите странските фудбалери кои лошо зборуваат англиски, а и кога ќе ги пуштат мора да одат во пар со друг играч кој ќе помогне.