Таг: ерлинг халанд

Како изгледаше оброкот на Халанд после хет-трикот против Казахстан?

Ако едно парче тежи од прилика по 100 грама, тогаш Ерлинг Халанд фукнал кило бифтек. Минимум. Не постирал повеќе од тоа, но се надеваме дека оваа мега примамлива порција ја комбинирал со  црвено вино, а не со кока кола или сл.

Што е со голов на Халанд?

Манчестер Сити ја имаше најубедливата победа синоќа во ЛШ, откако ја торпедираше Спарта Прага со 5:0. Халанд постигна два комада. Сите зборуваа и се чудат поради начинот на кој успеа да го реализира едниот. Со исклучот на ваквите акробации на Ибра, не се гледа вакво нешто во фудбалот.

Изеде 5 комада, па избега од новинарите

На Норвешка и се случи потоп во Австрија од 5:1 и сега овие две селекции заедно со Словенија се израмнети во група. Кога реди голови и победува е насмеан, а кога губи не ги рецка новинарите. Ни здраво, ни чао, ни изјава во микс зоната, каде е должен да соработува со печатот. Плус зборуваме за големо име. Ерлинг Халанд. 

Кај им текнува бе?

Го искритикувавме бајаги Халанд, ама па и со право, бидејќи е сепак Халанд од Манчестер Сити кој треба да претставува модел за однесување пред децата кои го гледаат. Еве на пример, што му фали во едно вакво симпатично издание :))).

Простачко однесување на Халанд

Ерлинг Халанд дефинитивно изгледа на неискалено, недозреано и невоспитано детиште со сељачки манири. Прво му се чепати на противнички тренер, а потоа место да му даде објаснување на Габриел Жезус за идиотските манири на сред натпревар, од нигде никаде го пцуе во фаца ко кочијаш. Разочарувачки однос на играч кој е или претендира да стане светска ѕвезда.

Неубав потег на Халанд

Со голот на Џон Стоунс во 98-ма минута, Манчестер Сити се спаси од пораз од Арсенал и извади реми (2:2). Ерлинг Халанд после голот направи неспортски потег кој на големо се коментира во Англија.

Интересна сцена на крај меѓу Халанд и Ачерби

Иако има 36 години, Франческо Ачерби успеа да го сопре 12 години помладиот и моќен Ерлинг Халанд. Се помајтапија на крај. Халанд: „Знам дека ми го сакаш дресот, постојано ми го тегнеше во игра“. Ачерби: „Два сакам“. Халанд: „Два? Абе оди еби се“.

Го прашуваат Пеп дали е изненаден што Халанд даде 99 гола на 103 меча

Пеп Гвардиола е ретко досаден на прес конференциите и речиси никогаш не е стерилен во одговорите. Така и беше и овој пат кога го прашаа за лудата статистика на Халанд.

И за Халанд има лек, гледајте Рудигер како го чуваше

Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе потфрлија на првите четвртфинални дуели од ЛШ и не се запишаа на листата на стрелци, нешто што од нив секогаш се очекува. Норвежанецот не се виде.

Момци џабе скокате, Халанд е тоа

Кај е висок 194 см и корпулентен, па уште и вади некој кошаркарски одраз и затоа постигнува многу вакви голови. Погледнете ја оваа надмоќност, тоест каде е тој во висина, а каде се другите. До свои 23 години веќе има 25 репрезентативни гола на 26 средби и плус 213 клупски. Норвешка - Грузија 2:1.

Омилениот гол на Халанд во Премиер лигата

35 меча - 36 гола во Премиер лига, што е рекорд и тоа на дебито во Премиер лигата. Ако се бројат од сите натпреварувања излегуваат 52 на 51 средба. Го прашаа кој му е омилен.

Трите јаки интервенции на Куртоа против Халанд

Само во првите 15 минути од полуфиналето Сити имаше речиси 80% посед на топка и 124 комплетирани додавања наспротив 13 на Реал. Го наполнија со 4 парчиња европскиот првак, а Куртоа му спречи хет-трик на Халанд кој пропушти три 100% шанси. 7:0 ќе беше огромно понижување.

Секој друг овде би паднал и би лежел

Не се виде баш вчера и не даде гол, ама после овој клип сфаќате уствари каква цврста карпа од човек е. Нека биде овој дуел и лекција за сите глумци кои често пати лежат и се пењават за да задржуваат време или да изнудат фаул. Ваков фудбал сакаме. Јуначки.

Како Рудигер го чуваше Халанд без топка

Голгетерот број 1 на сезоната со 51 погодок на 47 меча, не се изнаигра баш на гости кај европските прваци. Му се залепи германско австрискиот тандем во одбрана Рудигер-Алаба и често пати делуваше како отсечен. Погледнете ги овие методи со кој Рудигер го реметеше од зад грб.

Историски блесок на Халанд со пет гола во ЛШ, рамо до рамо со Меси

По ремито 1:1 во Германија, Манчестер Сити го прегази Лајпциг со 7:0 во реванш осминафиналето од ЛШ. Ерлинг Халанд испука петарда во 22` 24` 47` 54` и 57` минута и стана само трет играч со пет гола на еден меч од најелитното клупско европско натпреварување. Четвртфиналист е и Интер.

Најдобрите стрелци во Премиер лига 2009 vs 2022

Ако на некој не му е јасно што значи тоа поместување граници во фудбалот, нека обрне внимание на следнава споредба. Како изгледа топ листата на стрелци во Премиер лигата после завршувањето на сезоната 2008/2009 и како изгледа сега, кога не е ниту до пола.

Никој како Халанд во Премиер лигата, 14 меча - 20 гола

Норвешкиот бомбардер постави нов рекорд во Премиер лигата на кој може да му подзавидат голгетеришта како Алан Ширер, Тиери Анри, Ван Нистелрој, Серхио Агуеро, Хари Кејн, Мохамед Салах, Луиз Суарез или во превод буквално сите од формирањето на лигата. Во моментов има повеќе голови од половина екипи во лигата. Нереално.

Платата на Халанд е досега нешто невидено во Премиер лигата

Хитот на Манчестер Сити за два месеци фудбал во Англија оствари страшни голгетерски бројки. Прочуениот весник Дејли Мејл открива дека ист е муабетот и во однос на парите кои ги заработува.

Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд

До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.

Снимка од професионалното деби на Халанд на 15 години

Ерлинг Халанд на 5 години се запишува во школата на Брин во својот роден град. Во сезоната 2015/2016 импресионира за вториот тим со 18 гола на 14 меча. Тренерот кој го знаел добро од младинските категории му дава шанса за првиот тим на Брин во втора лига, на 12 мај 2016 против Ранхајм. Според физикусот, движењата и потезите малиот на само 15 години веќе изгледа како да е врсник со другите, па дури и поголем од некои на терен.

Луда акробација на Халанд во стилот на Ибракадабра

Фудбалерите на Манчестер Сити само 10 минути ги делеа од пораз дома од Борусија Дортмунд. Но  за 4 минути со два атрактивни гола го свртеа мечот за конечни 2:1. Внимавајте добро на комбинацијата Кансело - Халанд. Внатрешен фелш, па кунг фу потег. Халанд очекувано не се радуваше.

Сити на мангупски начин го претстави Халанд

Најголемата и најперспективна норвешка фудбалска ѕвезда потпиша верност со Манчестер Сити на 5 години и тоа на истиот датум како потпишал неговиот татко, Алфи Халанд пред 22 години. На клубот му текна како да го претстави, а тоа да биде кратко и едноставно, без многу перипетии.