Таг: ерлинг халанд

Најдобрите стрелци во Премиер лига 2009 vs 2022

Ако на некој не му е јасно што значи тоа поместување граници во фудбалот, нека обрне внимание на следнава споредба. Како изгледа топ листата на стрелци во Премиер лигата после завршувањето на сезоната 2008/2009 и како изгледа сега, кога не е ниту до пола.

Никој како Халанд во Премиер лигата, 14 меча - 20 гола

Норвешкиот бомбардер постави нов рекорд во Премиер лигата на кој може да му подзавидат голгетеришта како Алан Ширер, Тиери Анри, Ван Нистелрој, Серхио Агуеро, Хари Кејн, Мохамед Салах, Луиз Суарез или во превод буквално сите од формирањето на лигата. Во моментов има повеќе голови од половина екипи во лигата. Нереално.

Платата на Халанд е досега нешто невидено во Премиер лигата

Хитот на Манчестер Сити за два месеци фудбал во Англија оствари страшни голгетерски бројки. Прочуениот весник Дејли Мејл открива дека ист е муабетот и во однос на парите кои ги заработува.

Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд

До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.

Снимка од професионалното деби на Халанд на 15 години

Ерлинг Халанд на 5 години се запишува во школата на Брин во својот роден град. Во сезоната 2015/2016 импресионира за вториот тим со 18 гола на 14 меча. Тренерот кој го знаел добро од младинските категории му дава шанса за првиот тим на Брин во втора лига, на 12 мај 2016 против Ранхајм. Според физикусот, движењата и потезите малиот на само 15 години веќе изгледа како да е врсник со другите, па дури и поголем од некои на терен.

Луда акробација на Халанд во стилот на Ибракадабра

Фудбалерите на Манчестер Сити само 10 минути ги делеа од пораз дома од Борусија Дортмунд. Но  за 4 минути со два атрактивни гола го свртеа мечот за конечни 2:1. Внимавајте добро на комбинацијата Кансело - Халанд. Внатрешен фелш, па кунг фу потег. Халанд очекувано не се радуваше.

Сити на мангупски начин го претстави Халанд

Најголемата и најперспективна норвешка фудбалска ѕвезда потпиша верност со Манчестер Сити на 5 години и тоа на истиот датум како потпишал неговиот татко, Алфи Халанд пред 22 години. На клубот му текна како да го претстави, а тоа да биде кратко и едноставно, без многу перипетии.

Хируршка прецизност на Халанд со три топки на мета за пикадо

Само што објавивме видео од мал како ги дроби другарите во балон, излезе тазе воодушевувачка снимка од тренинг. 21 годишниот Норвежанец е генијалец. Топките ги нареди една врз друга и успеа да погоди во истиот агол, без да му паднат.

Видео од Халанд на 13 години, уште тогаш многу посилен од врсниците

Норвешкиот Stavanger Aftenblad објави ретко видео на кое се гледа како најголемата млада фудбалска ѕвезда на денешницата за која се борат гигантите, уште како мал на 13 години имал разорна левица. Видеото е снимено од меч во балон за фудбал во Норвешка.

Халанд прави шампионски гестови за децата

Иако и тој е речиси уште дете и е дел на поновите генерации на фудбалери, роден 2000-та, сепак веќе знае како да им го направи денот на своите фанови. На синоќешното финале против Баерн скокаше преку реклами за да подари дрес.

Халанд го уништи својот чувар еден на еден

Борусија Дортмунд го освои Купот на Германија, вкупно петти во својата историја и прв после сезоната 2016/2017, а во финале го совлада Лајпциг со 4:1. Ќе го издвоиме голот на Халанд за 2:0 во дуел со Дајо Упамекано кој и официјално на 1 јули преминува во Баерн за 42 милиони евра. Го понижи.

На романскиот судија дома не му го одобрија автограмот во ЛШ

И покрај тоа што оваа приказна се чинеше дека е завршена со убав крај, имаме нова епизода поврзана со необичниот потег на судијата Совре, кој сепак не помина добро како што веројатно очекуваше.

Автограмот на судијата од Халанд во ЛШ имал хумана позадина

На никој не му влегуваше во глава необичниот потег на линискиот судија кој по мечот Манчестер Сити – Борусија, му побара автограм на Халанд. Но романскиот арбитар имал цел со кој целосно го оправдува гестот.

Халанд дај автограм да не јадеш црвен

Е ова го немавме видено до сега. Камерата во тунелот по мечот Манчестер Сити - Борусија Дортмунд го улови линискиот судија како му бара автограм на Халанд. И тоа на картон. Каква апсурдна ситуација досега невидена во Лига на шампиони, па и општо во фудбалот.

Не е пирова победа, туку?

Знаат да погодат штос дечкиве од Спортлајф нема збор, секогаш актуелни на темата.

Знае ли Халанд за нормален гол?

Само три дена откако сам ја реши Севиља на гости во Лига на шампиони, Ерлинг Халанд денес беше главен творец на триумфот на Дортмунд над давеникот Шалке со 0-4. Норвежанецот постигна фантастичен гол.

Една година од дебито на Халанд во Борусија кој распали со хет-трик

Момче од 19 години може само да сонува деби настап во Бундеслига со три гола со кои прави пресврт и го решава мечот, па уште и за голем клуб. На Ерлинг Халанд тоа му се оствари на 18 јануари 2020-та. Малиот не застана.

Халанд и другарите го изработија Лајпциг како бавча

Некои голови не мора да се од 40 метри или со ножички за да бидат посебни. Борусија го совлада Лајпциг 1:3, а акцијава која им ја приредија беше празник за очи. Прво пет души немаа чаре за Халанд, потоа малку везење и гол.

Пајак служба Мануел Ноер, појак од Халанд во дуел 1 на 1

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен меч во германскиот Супер Куп. Баварците поведоа со убедливи 2-0 преку Толисо и Милер, ама Дортмунд се врати на 2-2 преку Јулијан Брандт и Халанд. Ноер го спасуваше Баерн од нов пораз, а Кимих во 82’ минута на Баварците му донесе петти трофеј сезонава (ЛШ, Бундеслига, германски Куп и Супер Куп) и УЕФА Супер Куп.

Халанд Кавасаки

Борусија Дортмунд во првото коло од Бундеслигата ја совлада Борусија Менхегладбах со 3:0, а на третиот гол на Халанд му пресметаа дека во контрата истрчал 97 метри и развил брзина од 35 км на час.

Халанд вози трактор на нива со компири во својот роден крај

Најдобриот млад фудбалер на сезоната во Европа (44 гола на 40 меча за Салцбург и Дортмунд сезонава), Норвежанецот Ерлинг Халанд со уште една фотографија покажа дека летово е спремен да помогне во домаќинството.

Ерлинг Халанд на одмор собира дрва за зима со татко му

Сезоната во Германија веќе заврши, а Борусија Дортмунд испадна од Лига на шампиони. Затоа Ерлинг Халанд користи летен одмор во родната Норвешка.

Вратари го исфрлија Халанд од диско

По завршувањето на Бундеслигата каде сезонава беше неверојатно откровение и важи за најдобар млад фудбалер во цела Европа, Ерлинг Халанд се вратил во татковината на одмор. А таму пред еден ноќен клуб го исфрлаат како партал.