Смее ли судија да бара автограм од играч? Како ќе реагира УЕФА на ова? Ќе биде ли санкциониран? Многу прашања се отворија после чудната постапка на романскиот судија Октавијан Совре.
Камерата го улови во тунел како го застанува Халанд и пред сите играчи му бара автограм кој му го напиша на еден од картоните кои ги носи в џеб.
Гестот беше чуден и предизвика сомневања во професионалноста и непристрасноста бидејќи се работи за официјално лице, па уште и во Лига на шампиони.
Но џабе целата таа врева, кога зад потегот на судијата се криела една многу човечна идеја. Автограмот бил наменет за добротворни цели. Односно автограмите потпишани на жолт и црвен картон.
Haaland's signed cards will go to an auction to help people with autism.
— Emanuel Roşu (@Emishor) April 7, 2021
That's why Romanian ref Sovre was running after Erling last night at the Etihad. #MCIBVB #bvb pic.twitter.com/QcOcNh90jQ
Совре побарал автограм од норвешката ѕвезда за да собере пари за центарот за деца со аутизам во романскиот град Бихор каде што волонтира веќе пет години, а тоа го потврди и претседателот на центарот.
„Не го знае секој ова, но Совре е наш волонтер неколку години. Автограмите на познатите играчи што успеа да ги собере низ годините одат на аукција за да соберат пари за нашето здружение“.
Инаку Октавијан Совре беше дел од судиската четворка обвинета за расизам на ланскиот дуел во ЛШ меѓу ПСЖ и Башакшехир.
Главен актер околу кој се крена прашина беше романскиот судијата Себастиан Колцеску, но по истрагата на УЕФА и Совре добил наредба да учествува во едукативна програма.