Чинот во најмала рака е скандалозен и контроверзен и не се памети вакво нешто во фудбалот, а прво прашање кое му доаѓа на човек на памет е колку овој судија бил регуларен во одлуките кон Халанд и општо кон Борусија штом е негов фан.
Фудбалските експерти во Англија во студио се чудеа и го критикуваа ова нетипично однесување на романскиот судија Себастијан Георге.
Водителот праша: Знам дека Халанд е суперѕвезда и сите зборуваат за него, ама како официјално лице во Лига на шампиони да бараш автограм?
„Да бидам искрен не оди ова и не треба никаде да се случува. Судиите имаа многу работа во прво полувреме и направија многу грешки. Можеш да бидеш нечиј фан, но не смееш тоа да го правиш тоа пред играчи.“ вели Овен Харгривс
А Гвардиола пак немаше проблем со таа ситуација.
„Моите играчи ми кажаа. Можеби судијата е фан на Халанд, а можеби тоа го направил за своето дете. Немам ништо против тоа. Никогаш не сум видел вакво нешто претходно, но судиите завршија коректна работа“.