Ограда, пченки, стара куќа, закачко на оградата, па уште и габаритен главен судија 190см, кој сигурно пие ѕидарско и пред и после утакмица. Класична сцена ко за селски фудбал, со која можат да се пофалат Србите, а и ние се разбира.
И покрај тоа што оваа приказна се чинеше дека е завршена со убав крај, имаме нова епизода поврзана со необичниот потег на судијата Совре, кој сепак не помина добро како што веројатно очекуваше.
На никој не му влегуваше во глава необичниот потег на линискиот судија кој по мечот Манчестер Сити – Борусија, му побара автограм на Халанд. Но романскиот арбитар имал цел со кој целосно го оправдува гестот.
Е ова го немавме видено до сега. Камерата во тунелот по мечот Манчестер Сити - Борусија Дортмунд го улови линискиот судија како му бара автограм на Халанд. И тоа на картон. Каква апсурдна ситуација досега невидена во Лига на шампиони, па и општо во фудбалот.
Стадиончето на нисколигашот Вокинг, „Кинфилд“ беше исполнето до последно место (капацитет 6.000) за мечот од ФА Купот против премиерлигашот Вотфорд. Гостите славеа 0-2 и го избегнаа срамот на Лестер кој испадна од четвртолигашот Њупорт. Во второто полувреме од мечот Исак Саксес го фрли помошникот судија преку ограда и не се сврти ни да му се извини.
Мартин Самуелсен од холандскиот клуб Венло го има рефлексот на денот, а овој непретпазлив судија ја има таа среќа што ова 21 годишно момче реагираше брзо. Во спротивно уште невлезен во игра ќе го повредеше. Глава ќе му скинеше.
На Мундијалот 2018 во Русија ќе допатува и екипа судии од Панама кои имаат неверојатна историја. Со оглед на тоа што арбитражата не им е фиксна работа за плата туку хонорарна, секој од нив си брка и друга работа.
Во целиот свет се води дебата ’за’ и ’против’ видео-повторувања на спорните моменто. Но постојат и примери кога до евентуално видео повторување сите би го пцуеле судијата дека направил грешка, а тој одлично ја проценил ситуацијата со ’голо око’. Во МЛС лигата, напаѓач на Чикаго Фајр даде гол кој секој би рекол дека е офсајд, но судијата се виде и голот беше регуларен и чист.
Ајакс синоќа во холандскиот Куп со 5:0 го победи Вилјем Втори, но главен момент на мечот беше црвениот картон кој го доби гостинскиот играч Ануар Кали и тоа после асистенција на видео технологијата.