Помошник на главниот судија од Панама, делегиран од ФИФА за Светското првенство ќе биде Габриел Викторија кој веќе 25 години собира отпад на улиците во неговиот град.
Како и во другите земји, така и во Панама, судиите немаат фиксна плата туку им плаќаат за одработените натпревари. А хонорарите за суден меч како што вели самиот Габриел не е доволен за пристоен живот.
За да му се исполни желбата да го работи тоа што сака, Габриел суди но притоа не гладува. Тој во 1993 година се вработил како ѓубреџија.
Неговиот ден изгледа вака:
03:40 наутро - станува
05:00 наутро - почнува со работа
17:00 напладне - тренинг на игралиште
„Мене ништо не ми е тешко, ги сакам и двете професии. Со колегите немаме притисок и стрес, работиме добро“, вели Габриел.
Таквото темпо на работа не му пречела на Виктоија да се пробие на врвот: тој веќе работел на Светско првенство U-20 во 2015, на Светското U-17 во 2017 и на Копа Америка во 2016 кој се играше во САД.
Според самиот Викторија, по веста дека го избрале да суди на Мундијалот во Русија летово, му се јавувале пријатели и роднини а некои имале и посебни молби - еден другар веќе му побарал дрес од неговиот прв меч на Светско.