УЕФА реагираше на тоа што романскиот судија Октавијан Совре му побара автограм на Халанд, но иако мечот е под нивна капа, кај нив тоа мина само со реакција, додека во Романија со казна.
Романската судиска комисија одлучи да го суспендира судијата, барем засега и тој нема да биде дел од мечот Универзитатеа Крајова – Клуж за кој беше делегиран овој викенд.
Како што е веќе познато помошникот судија побара автограм од Халанд после четвртфиналниот меч меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, момент снимен со камера.
Гестот предизвика сомневања во неговата професионалност и непристрасност, а тој објасни дека тоа го направил за да го продаде на аукција и да собере пари за центарот за деца со аутизам во романскиот град Бихор каде што е волонтер.
Но и покрај ова логично оправдување сепак во својата земја не му помина специфичниот гест, а не му го одобри ниту првиот човек на судијата комисија на УЕФА, Марко Росети.
„Целта на УЕФА е судиите да бидат почитувани како и играчите. Работиме на тоа судиите да бидат луѓе со авторитет, полни со почит и професионалци. Како ќе ве ценат играчите ако вие барате потпис или од нив? Бараат ли тие нешто такво од вас? Ова е неприфатливо, се работи за достоинство“, изјави Росети.
Инаку романскиот арбитар всушност доби два автограми и на жолтиот и на црвениот картон.
Haaland's signed cards will go to an auction to help people with autism.
— Emanuel Roşu (@Emishor) April 7, 2021
That's why Romanian ref Sovre was running after Erling last night at the Etihad. #MCIBVB #bvb pic.twitter.com/QcOcNh90jQ