Пред неколку дена објавивме дека неделната плата на киксерот Мегваер изнесува 224.706 евра, што е боли глава, а камо ли па оние 609.526 евра неделни примиња на Кристијано Роналдо кои мислевме дека се врвот.
За да се качите на него, барем за сега, треба да сте генерација 2000-та или поточно Норвежанец по име Ерлинг Халанд.
Момчето на кое му редат епитети како џин, чудовиште и слично, во Манчестер Сити неделно заротува 850.000 фунти. Тоа го пишува Дејли мејл, а ние на Гугл пресметавме дека во евра се работи за 971.490.
И тоа ова му е основната загарантирана плата. 22 годишната ѕвезда ќе зема и бонуси кои со оглед на темпото на постигнување на голови, оди па поверувај дека нема да се активираат.
Тоа значи дека 1 милион неделно не му бегаат, ако не и повеќе. Се очекува на крајот од сезоната со се бонуси, тој да собере најмалку 45 милиони фунти или 51 милион евра.
И во случај нив да ги нема, а ќе ги има, Халанд има основна плата од 971.490 неделно, 3,8 милиони евра месечно, 46,6 милиони годишно. Секој ден на сметка му стигаат по 138.784 евра. Џизс.
Инаку засилувањето на Сити од Борусија Дортмунд вредно 60 милиони евра, во првите два месеци возврати со три хет-трикови по ред и вкупно 19 гола на 12 средби.
Халанд стигна и среде напад да му го даде спрејот на судијата
Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд
Теророт над голманите од Халанд - никој како него досега во Премиер лига