Со двата гола на Левандовски и еден на Милер, Баерн ја совлада Борусија со 3:1 и го освои Супер Купот на Германија.
Халанд не успеа да се најде меѓу стрелците, голот за неговиот тим го постигна Ројс, но тој сепак се истакна со потег кој не им избега на фоторепортерите.
Еден од најмалите навивачи на Борусија на трибини, се обиде преку транспарент да стигне до негов дрес и му успеа.
Халанд тоа го направи по завршувањето на мечот и тоа скокаше преку три високи пречки само за да стигне до него и да му го даде лично.
Haaland making dreams come true 💛 pic.twitter.com/R2u2A6WKXB
— ESPN FC (@ESPNFC) August 17, 2021
Слична ситуација имаше и минатиот месец на пријателска, но овој пат беше обратно. Дете му влета на терен, а тој му даде автограм и мирољубиво го испрати.
This young fan managed to get Haaland's signature, during a game 😅👏 pic.twitter.com/4kVTu0E2q4
— ESPN FC (@ESPNFC) July 24, 2021