На Норвешка и се случи потоп во Австрија од 5:1 и сега овие две селекции заедно со Словенија се израмнети во група. Кога реди голови и победува е насмеан, а кога губи не ги рецка новинарите. Ни здраво, ни чао, ни изјава во микс зоната, каде е должен да соработува со печатот. Плус зборуваме за големо име. Ерлинг Халанд.