Ерлинг е висок 195 см. Шифоњер кој не се држи и со кој нема игра еден на еден, ако не сте барем и вие 195.
Неговиот чувар при првиот гол против Бразил беше смешен во скокот, но проблемот е што Холанѓанецот не е доминантен само во скоковите. Погледнете ја перфекцијата од удар за 2:0.
Ајде малку бројки. Внимавајте на овој податок: На последните 14 меча за репрезентација, Халанд има 27 гола или 1.93 по натпревар. Нереално.
Внимавајте на вториот податок. На само 25 годишна возраст, Халанд веќе има неверојатни 62 гола за својата земја и тоа на 54 натпревари.
На Мбапе му требаа 101 меч за да стигне до 60 гола за репрезентација.
Она што е импресивно кај Халанд е неговиот процент на реализација или што би се рекло, да не е он, ќе немало кој да даде гол за Салцбург, Борусија, Манчестер Сити и Норвешка.
Читајте му ги внимателно бројките на човекот кој во моментов има 317 гола на 402 средби за сите клубови во кариерата.
