Ливерпул го одржа првиот тренинг, Клоп радосен како кога тргнувал во школо

Премиер лигата се враќа на 12 јуни. Барем така е предвидено, а до тогаш играчите ќе тренираат со цел поскоро да се вратат во форма.

Европскиот шампион е еден од првите премиерлигаши кои се вратија на тренинг. Предводени од тренерот Клоп, фудбалерите тренирале во помали групи.

„Се разбудив порано од вообичаеното и некако сфатив дека ми е како првиот ден во школо иако од тој ден поминаа 46 години за мене. Се облеков и отидов на тренинг“. 

Германскиот тренер вели дека е пресреќен што повторно ги видел своите дечки кои биле во добро расположение и форма.

 

„Не знаеме само колку точно време ќе имаме за да се спремиме за остатокот од сезоната и за следната, со оглед на тоа што мислам дека нема да има некоја голема пауза меѓу сезоните. Ова ќе биде како еден вид пред-првенство но не знаеме колку ќе трае и нема да има пријателски.

Можеби ќе може да организираме пријателски меѓу нас кога ќе биде дозволено но нема да биде исто. Барем играчите конечно имаа долг период на одмор од девет недели, иако кога си загрижен за тоа што се случува не е како кога одиш на одмор“, додал Клоп.

Премиер лигата планира да ја продолжи сезоната од 12 јуни со цел да ги доигра преостанатите 92 натпревари. Од средата (20-ти мај) на екипите им е дозволено да работат во помали групи од по 4-5 играчи со максимум 75 минути тренинг за секоја група.

21 мај 2020 - 10:29