Во случај досега да се играше фудбал, реконструкцијата на Бернабеу ќе напредуваше многу бавно. Сега веќе не треба да се чека крај на сезоната, затоа што се иде во забрзано темпо.
Фотографиите од еден од најубавите стадиони на светот покажуваат дека во долната трибина во најдолниот прстен веќе има градежна машинерија која активно работи.
Претпоставките се дека гледачи на стадионот на Реал нема да има скоро (прогнозите се дека навивачите и клубот ќе можат да се вратат на стадионот во јануари 2021).
„Кралскиот клуб“ најверојатно ќе ја доигра сезонава на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“ кој собира 6.000 гледачи и каде игра вториот тим на Реал.
САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ ЌЕ СЕ АДАПТИРА ЗА КОШАРКА, ХОКЕЈ И КОНЦЕРТИ, МУЗЕЈОТ ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА
Една од поубавите работи на реновираниот стадион на Реал ќе биде новиот подвижен покрив кој за 15 минути ќе се отвора и затвора. Арената ќе има и подвижен терен со цел да биде повеќефункционална.
„Сантијаго Бернабеу“ ќе стане не само симбол на Мадрид туку и постојано ќе принесува приходи. Стадионот ќе може да организира настани 300 дена во годината. Во моментов таа бројка е 35 дена односно 9 пати помалку.
Новиот стадион ќе биде адаптиран и за кошарка, хокеј, концерти и други настани. Ќе може да се постават специјални панели паркет, ќе може да се постават монтажни трибини, да се затвори кровот и комотно да се добие сала за кошарка.
Во 2018-та година кошаркарската арена на Реал Мадрид „WiZink Center“ стана трета најпосетена на светот после култната Madison Sqaure Garden во Њујорк и The Forum во Лос Анџелес.
Во салата „WiZink Center“ таа 2018-та имало 179 настани од кои дури 63 биле спортски. Реал во моментов не ја исклучува можноста „Сантијаго Бернабеу да биде дом и на кошаркарската секција.
За концерти, за кошарка и за други настани важно е да се постави таков фудбалски терен кој е можно за кратко време да се собере без никакви последици. Реал не тргнал по примерот на „Фелтинс Арената“ (стадионот на Шалке) каде за неколку часа теренот може да биде преместен надвор на улица.
„Сантијаго Бернабеу“ се наоѓа во самиот центар на Мадрид па нема многу места за маневар.
Затоа повеќе бусени трева на посебни шини ќе се внесуваат во просториите во стадионот и ќе стојат еден врз друг. Ова нема да биде лесна задача затоа што ќе треба да се создадат идеални услвои на влажност и светлина за тревата без проблем да се намести.
Тотенхем на новата ултра модерна Арена користи шини со цел да ги пренесува бусените трева. Еве како тоа функционира:
Од Реал тврдат дека новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе стане најголем извор на приходи за клубот. Поради ова на стадионот ќе се прошири и клупскиот музеј кој се наоѓа на трето место по посетеност и популарност во Мадрид после музеите Прадо и Националниот музеј на уметноста Кралица Софија. Се очекува после реконструкцијата да порасне и цената на билетите за музејот и турата по стадионот.