Артуро Видал со години е познат по својата љубов кон чашката. Кога во комбинација со неа ќе дојде и неговиот незгоден карактер, резултатот понекогаш беше не баш пријатен.
„Фудбалерoт не е ѓавол и не е светeц, треба да се раздвои вистинско и лажно. Така Видал понекогаш пиеше повеќе отколку што треба. Тоа е познато. Можно е да се каже дека алкохолот му беше слаба точка. Не зборуваме за неговите заслуги и него како личност. Слабоста е дел од човековата природа. Важни се последиците кои тие може да ги имаат за екипата.
Видал пар пати годишно не се појавуваше на тренинг или, да кажеме така, доаѓаше весел. Иако тој никогаш не изгледаше послаб поради тоа. Напротив, мислам дека понекогаш беше уште посилен. За жал малку го познавам Паоло Монтеро, уште еден кој живееше навечер како крал. Последната година во тимот, кога му падна формата, Моџи (Лучано, поранешниот директор на Јувентус) отиде кај него и му рече: 'Паоло, те молам, престани да седиш дома навечер, врати се каков што си беше'. Видал живееше таков живот.
„Памтам една американска турнеја. Бевме во Мајами. Слободна вечер пред последниот тренинг пред поаѓање. Следното утро Артуро не се појави. Лежеше во кревет. Морав на сила да го станам. Дента учевме нов материјал на тренинг, сите облечени во црно, времето жар 40 степени. Конте едвај чекаше Видал во таква состојба да се предаде за да го избрка од тимот и да го казни за пример.
Ама после десет минути во кои Артуро уште изгледаше светнат и не ја гледаше топката, луташе на тренингот како луд и стартуваше лизгачки на секои 20 метри.
Што да се каже за таков човек кој после се што поминал ја расположува екипата, прав мотор е, борец и голем шампион?“, пишува Кјелини во својата автобиографија.
Артуро Видал играше за италијанскиот шампион од 2011 до 2015 година и важеше за едне од најдобрите играчи на неговата позиција. Но се чини дека проблемот со алкохол се влошувал со текот на времето. Еднаш во 2015-та му ја одземаа возачката дозвола поради тоа што возел пијан.
За време на Копа Америка во Чиле тој со своето Ферари се враќал од казино дома и во предградието на Сантијаго изгубил контрола над автмобилот и излетал од патот при што го искршил возилото.
„Испив две флаши а после се случи тој несреќен случај за кој сите знаете. Ги подвргнав под опасност животот на жена ми и многу други луѓе. Многу жалам. Многу ми е срам. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржаа во ова време. Сакам да побарам прочка од своите колеги, играчи, тренери и сите во земјата. Ќе направам се што можам за да станеме шампиони“, рекол Видал за време на таа Копа Америка во Чиле.
А тогаш репрезентацијата на Чиле се спремала за важен меч, а селекторот Хорхе Сампаоли не го избркал Видал од селекцијата.
„Не треба да исклучиме човек за мала грешка. Не можеме да го казниме за тоа што сме им дале слободен ден“.
После преминот од Јувентус во Баерн ништо не се подобрило. Како што пишувал Bild, во 2016-та година Видал неколку пати доаѓал на тренинг пијан.
Но тој негирал и се заканил дека ќе ги даде на суд. „Тие 'вести' се апсолутна лага. Весникот ќе одговара за своите лаги. Јас сум 100% предаден на тимот и на продолжение на сезоната“.
После една година жена му на Клаудио Браво, Карла Лисана на Инстаграм напишала дека Чилеанците не се пласираа на Светското првенство 2018 зошто во квалификациите дел од фудбалерите не доаѓале на тренинзи или доаѓале пијани.
Видал го сфатил обвинението на своја сметка и престанал да комуницира со Браво. Дури и кога се заедно во репрезентација тие двајца не зборуваат.
„Јас сум доволно возрасен човек за да ми се кажат такви работи во лице. Не знам дали тој ги разбра моите зборови но од тогаш повеќе не разговаравме“, рекол Артуро.