НБА продолжува во јули и веројатно би се играла само во Волт Дизни Ворлд

Предлогот на комесарот на НБА Адам Силвер сите преостанати натпревари сезонава да се доиграат на Флорида, поточно во комплексот Волт Дизни Ворлд е сè поблизу до реализација.

Иако во игра биле и други градови, благодарение на одличните односи на првиот човек на НБА Адам Силвер со директорот на Дизни Центарот Боб Ајгер, НБА најверојатно ќе се доигрува таму - во Орландо.

Иако сè уште нема официјална потврда, сепак се зборува дека во средината на јуни ќе продолжат тренинзите а од средината на јули НБА ќе се врати после долгата пауза поради корона.

Раководството на лигата ја одбрала оваа дестинација Walt Disney World Resort со цел да се избегнат патувања и групирања по разни градови.

Идејата е во карантин на исто место да бидат сите, и играчи и тренери и судии и делегати и телевизиски работници.

Некои места како Лас Вегас, Атлантик Сити, Њу Џерси и Бахами дури и лобирале да го добијат домаќинството за доигрување на НБА сезоната 2019/2020.

КАКВИ СЕ УСЛОВИТЕ ВО ВОЛД ДИЗНИ ВОРЛД?

Овој огромен комплекс се наоѓа во местото Лејк Буена Виста на Флорида.

Дизни Ворлд центарот поседува два хотели ( Disney’s Art of Animation Resort со 2.000 соби и Disney’s Pop Century Resort со 2.900 соби) и таму би можеле да бидат сместени сите инволвирани во рестарт на сезоната.

Голем плус е што во близина е и Спортскиот комплекс на ЕСПН.

Со цел да ја истурка сезоната што поскоро, НБА планира во еден термин да се играат 2 до 4 меча. За да кошаркарите имаат доволно терени на располагање тука би бил ESPN Wide World of Sports Complex, каде би се тренирало меѓу натпреварите.

Покрај Орландо, како можни дестинации за доигрување на сезоната се споменуваа уште и Лас Вегас, Хјустон и Бахами. Орландо како град немаше многу заразени случаи ниту жртви од КОВИД-19, така што очекувано е во овој град веќе неделава речиси сè да се врати во нормала.

21 мај 2020 - 11:44