Најболниот пенал во кариерата на Џон Тери и цел Челси

Освои 5 титули во Премиер, 4 ФА Купа, Лига на шампиони, Лига Европа, долги години беше капитен, икона со преку 500 настапи за Челси и најдобар стрелец меѓу дефанзивците во историјата на овој клуб. Ама едно лизгање ќе го прати цел живот.

На денешен ден пред 12 години во Москва се играше големо финале на Лига на шампиони меѓу Челси и Манчестер Јунајтед. По нерешените 1:1 (Роналдо, Лампард), се отиде на пенали. А за време на пеналите врнеше страшен дожд. Џон Тери имаше животна шанса да го даде пеналот и да му ја донесе европската титула на Челси:

 

21 мај 2020 - 09:24