Фудбалот се игра за гледачи. Тоа му е јасно дури и на најголемиот лаик, меѓутоа во услови коронавирус многу лиги ги затворија или планираат да ги затворат гледалиштата.
Во изминатото коло во Бундеслига само Борусија Дортмунд како домаќин славеше со 4-0 против Шалке во дербито на Рур. На сите останати натпревари од 26. коло имаше три нерешени и дури пет гостински победи. Овој факт покажува дека присуството на навивачи и тоа како му значи на домаќинот.
Треба да се напомене дека Бундеслига и пред почетокот на пандемијата, беше една од топ европските лиги со најголем процент на гостински победи: 35,8% или на еден од три меча гостинот победува. Во Серија А 37,7% победува гостинот а во Премиер лига 30,4%. Во шпанска Ла Лига на 24,4% од натпреварите слават гостите.
А необичен е и податокот дека во 6. коло од Бундеслигата сезонава регистрирани се дури осум гостински триумфи и само еден нерешен меч. А во последните три кола пред присилната пауза, имаше само три домашни победи.