Offside

И покрај тешката повреда и долгата рехабилитација, поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Соколов, со цело срце прави кам бек на паркетот. Потпишува за нов клуб, вкупни 14-ти во кариерата.

Стопер на Спортинг го има пасот на вечерта во ЛШ

Фудбалерите на Спортинг имаа златна шанса преку Араухо да стигнат до почесен гол на мечот против Арсенал. Тоа можеше да биде и кандидат за асистенција на сезоната на Осман Диоманде. 22 годишниот дефанзивец на Брегот на Слоновата Коска му даде страшна топка со очи.

Нојер на 40 години покажа зошто е еден од најдобрите голмани во историјата

Баерн Минхен за првпат го победи Реал Мадрид после цели 14 години и тоа го направи на жешкиот терен на „Сантијаго Бернабеу“ но тешко ќе победеа ако германскиот шампион на голот го немаше фантастичниот Нојер кој покажува дека голманите се како вино - што постари тоа подобри.

Дабл-дабл на Димитријевиќ за победа на Баерн против Виртус Болоња

Кошаркарите на Баерн Минхен ја запишта 16-та победа сезонава откако со 85-50 на гости го совлада Виртус Болоња, по најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој постигна 11 поени со 10 скока и три асистенции и Дејвид МекКормак кој уфрли 24 поени со осум скока. Кај Виртус прв стрелец беше Мет Морган со 28 поени. Димитријевиќ игра одлично пред крајот на сезоната но Баерн веќе забележи 20 порази и нема шанси за доигрувањето во Евролига.

Две гостински победи, Баерн го доби европскиот класик, Арсенал го освои Лисабон

На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Баерн Минхен славеше 1-2 во фантастичен натпревар со многу шанси на двете страни. Интересно Баварците повеќе од десет години не знаеа за триумф против Реал. Арсенал со гол на Хаверц во судиското продолжение обезбеди мирен реванш во Лондон со Спортинг.

Јунакот кој му ја украде шемата на Донарума со пеналите

Она што се случуваше во Зеница на 31 март ќе се раскажува со децении, а некои детали како овој ќе изгледаат измислени. Многу луѓе ќе мислат дека сцените се направени со АИ.

Нетфликс го најавува документарецот „The One and Only“

На 16 април пуштајте Нетфликс. Ќе го има Роналдињо, еден од највлијателните играчи во историјата на фудбалот. Човекот кој од фудбалската игра направи забава. Секој негов контранапад беше за клип и едноставно важеше за број 1 кога беше во најјакото во дресот на Барселона. Плус женкариште. Подзаглави и во затвор.

Нема спас од добар волеј

Дваесет и три годишниот бек на Портланд Тимберс од МЛС лигата во САД, Хуан Москера спакувал кандидатура за гол на сезоната и „ја однел“ во седиштето на лигата. Мајсторијата била дело од мечот Ванкувер Вајтакпс - Портланд Тимберс кој завршил 3:2.

Кореографија на Сити Парк Бојс за Буштур и другарите

Работнички го совлада Куманото со 76:72 во борбата за опстанок. Домашните навивачи се погрижија на трибините да биде спектакл и направија кореографија со текст „менталитет“. Кумани исто така беа гласни и извадија парола против домаќинот.

Ја видовте ли мајсторијата на Шаќири во стилот на Модриќ?

Кам бекот на клупскиот фудбал изминатиов викенд донесе многу јаки потези. Не смее да се изостави едно голчиште во Швајцарија на мечот Базел - Јанг Бојс 3:3. Џердан Шаќири ептен мангупиште во завршницата.

Автогол на сезоната во англиска втора лига

Престон и КПР одиграа 1-1 а голот за домаќините беше автогол на Тиери Смол во 82' минута. Смешен и несфатлив.

19-годишник е лидер во Формула 1 на стартот, може ли да стигне до историска титула?

Младиот италијански возач Андреа Кими Антонели е лидер во новата сезона на Ф1. Поради непредвидливата пауза во календарот во кој поради воениот напад на Израел и САД врз Иран мораше да се одложат неколку трки, пилотот на Мерцедес ќе остане прв најмалку еден месец. Доволно да сонува сензација.

Фудбалер на Крузеиро го мајтапел својот голман со смешно видео, исфрлен е од екипа

Сопственикот на богатиот и трофеен бразилски клуб Крузеиро изјавил дека го избркал од екипата 31-годишниот Валас кој после неговото деби во Копа Либертадорес, во заедничката вотсап група со екипата, пратил видео во кое го исмева голманот

Греота е да не важи ваква будалаштина од поен

Њујорк ја доби Атланта на гости со 108:105. Финишот беше луд благодарение на Си Џеј Маколум, кој го фрли баскетот како круша од своја половина и ја запали цела сала. За влакно задоцни.

Дојди ми еден на еден да пробам нешто

Никола Јокиќ дефинитивно е отиден да се забавува во Америка. Ноќеска против Портланд го запиша 34-от трипл-дабл сезонава, број 196 во кариерата во регуларниот дел од сезоната или 214 со се плејофот. Одиме со Џоки Доук.

Денвер се врати од -18, нов трипл-дабл на Јокиќ

Нестварна последна четвртина одиграа кошаркарите на Денвер Нагетс против Портланд и со победа од 137:132 во продолженијата, врзаа серија од 9 триумфи во низа.

Вентура: Селекторот е најмалку крив, ништо не се смени после Италија - Шведска

„Знам низ што минува Гатузо. Тој се чувствува виновен, но во 2006 година имавме генерација на феномени, кои сега ги немаме и треба да ги обновиме темелите. Зградите се градат од темел, а не од горе. Треба да интервенира и владата“.

ПСВ го освои најбрзото шампионско злато во историјата на холандската лига

На 5-ти април ПСВ Ајндховен и официјално и математички ја освои шампионската титула во Холандија за сезонава 2025/2026 и стана најбрз првак во топ лигите во Европа. 

Јак другарски момент за фудбалерот во друштво

Ибаи Агире кој лани настапувал за Ц и Б тимот на Реал Сосиедад, викендов против Леванте дочека прв настап во Ла Лига на 19 години. Другарите за дебито му предија фешта пред куќа, која нема да ја заборави.

ЖФК Љуботен: Го погребавте Тетово и македонштината

Женскиот фудбалски клуб Љуботен објави долго соопштение со кое се одјавува од фудбалот. Огорчени и оштетени од како што велат последните случувања на терените кои се неспортски, како и од одлуките на ФФМ.

Немаат осет ни за жена судијка

Во жар на борбата, фудбалерите некогаш исклучуваат мозок и не размислуваат многу. Така на средбата меѓу Бурсаспор и Мардин 1969 Спор, гостинскиот фудбалер Мехмет Маниш собрал со опасен лизгачки старт и судијка, па нит да ѝ се извини нит да се сврти да види како е.

Голем хаос на дуелот Динамо Дрезден - Херта Берлин

На дербито на источна Германија меѓу Динамо Дрезден и Херта Берлин во 19' минута од гостинскиот навивачки сектор се слушнале неколку детонации после што домашните навивачи насилно ја прескокнале оградата и влетале во терен. Реагирала полицијата да спречи судир. После 20-минутен прекин натпреварот продолжил а Херта Берлин со играч помалку од 66-та минута победила 0-1 со гол во 80-та минута.

Магичен гол во бугарското првенство

На големо изненадување, сезонава конечно би можела да се урне хегемонијата на Лудогорец во бугарскиот фудбал. Екипата од Разград е шампион на Бугарија 14 години по ред! Уште од сезона 2011/2012 до сега. Но Левски Софија е решен да го врати шампионскиот пехар кој долго се чека. Сините се први на табела во Бугарија со +7 бода пред Лудогорец. Викендов само кикснаа, се лизнаа кај Добруџа каде домаќинот зема бод (2:2) со еврогол на Ивајло Михајлов во 90+6' минута!

Идеја за Велигден во мак фудбалот

А зошто па и ние да не ја разбиеме малце монотонијата со тоа паричките. Да има троа смеење. Мора ли се да биде стерилно?

Погрешен гол е тоа другар, вие на другата страна напаѓате

Црвена Ѕвезда го доби Радник Сурдулица со 1:2 со пресврт. Резултатот го отвори Словенецот Тими Макс Елшник со автогол од 20 метри.