Шоу на Мбапе со два гола од кои еден страшен

Французите му се реваншираа на Сенегал за болниот пораз на отворање на Светското во 2002-ра година. Од досаден прв дел без никакви шанси ни голови до шоу на Килијан Мбапе во вториот дел и победа на Франција над Сенегал 3-1.

Фудбалерите на Франција речиси 50 минути делуваа негледливи на теренот затоа што се обидуваа да го пробијат бедемот на „лавовите“ од Сенегал но безуспешно.

Конечно Мајкл Олисе реши да го разигра Килијан Мбапе и покажа зошто е најбаран фудбалер на светот во последно време а Килијан покажа зошто е еден од најголемите во историјата.

Во 66' минута и во самиот финиш во 90+6' Олисе асистираше а Мбапе стрелаше прецизно за први два гола на ѕвездата на Реал Мадрид. Ибрахима Мбаја намали на 2-1 во 90+5' минута но Мбапе го постави конечниот резултат на крајот 3-1.

Претходно Бредли Баркола во 82' минута донесе предност од 2-0 за „триколорите“ кои ги освоија првите три бода.

Првиот гол на Мбапе за 1-0:

Бредли Баркола 2 минути само што влезе од клупата за резерви даде гол за 2-0:

Мбаја намали на 2-1 и им даде надеж на Сенегалците во 90+5' минута:

Килијан стави крај со најубавиот гол на Светското досега за конечни 3-1:

Мбапе стигна до 14 гола на 16 натпревари на Светски првенства. Се приближува до рекордот на Мирослав Клосе кој е прв на вечната листа со 16 погодоци. Таму при врвот е и Лионел Меси кој има 15 гола на Мундијалите од кои 3 синоќа против Алжир.

17 јуни 2026 - 07:55