Лионел Меси (39) на точно 20 години од денот кога првпат одигра натпревар на Светско првенство (6:1 против Србија и Црна Гора во Гелзенкирхен) и стана најмладиот стрелец во историјата на Аргентина, го обележа јубилејот со нова чудесна партија.
На јубилејниот 200. натпревар во дресот на Аргентина Меси стана прв фудбалер во историјата кој играл на дури шест Светски првенства!

А кога почна натпреварот Лео со страшен гол ги распали илјадниците Аргентинци на стадионот и милионите крај малите екрани.
Меси уште во 5' минута постигна гол на асистенција на Лаутаро Мартинез но му го поништија поради офсајд. После три минути на другата страна Алжир исто постигна гол но им беше поништен поради офсајд.
А рапсодијата на Меси почна во 17' минута кога го отвори резултатот со голчина од 20-ина метри и го совлада син му на Зинедин Зидан, Лука Зидан.
На стадионот „Ерооухед“ во Канзас Сити грмеа преку 70.000 аргентински навивачи.
Светскиот шампион од 2022-ра година потоа се ослободи од притисокот на морање и заиграа во свој ритам. Во некои моменти и се поигруваа со ривалите од северна Африка.
Во вториот дел нови два гола на Меси. Прво по еден шут на Алексис Мекалистер кога Лука Зидан ја одби топката која му легна на Меси кој со десна зголеми на 2-0!
Тој гол падна во 60' минута а само шест минути подоцна капитенот на Аргентина и најголемиот фудбалер на сите времиња за малку ќе стигнеше до хет-трик но голманот на Алжир одбрани.
Сите на теренот како да знаеа дека хет-трикот се ближи а тоа се оствари во 76' минута. Фудбалерот на Интер Мајами успеа да искористи еден врвен напад на неговите соиграчи кои играа за него. На една фина асистенција, Меси од аголот на шеснаесетникот погоди за 3-0!
Ова беше 16-ти гол на Меси на Светските првенства со што се израмни на вечната листа најдобри стрелци на Мундијалите со Мирослав Клосе кој исто имаше 16 погодоци. Капитенот на Аргентина ќе има голема шанса во продолжение од Светското првенство да постави нов рекорд.
„Плачев после првиот гол, да... Но беше поради нешто сосема неповрзано со фудбалот. Поминав низ некои тешки денови, но благодарен сум на целата делегација и моите соиграчи зошто секогаш ќе се со мене, ми даваат многу снага“, рекол Меси после натпреварот.
Just look at what representing Argentina still means to Lionel Messi. 🇦🇷
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) June 17, 2026
He's just a few days away from turning 39. He's won every major trophy the game has to offer. He has nothing left to prove to anyone.
Yet when he scored against Algeria, he was overcome with emotion and… pic.twitter.com/PgnssvTTgX