На вечната листа најдобри стрелци на Мундијалите се Германецот Мирослав Клозе и Лионел Меси со по 16 погодоци. Аргентинецот кој ја водеше својата земја до светска титула во 2022-ра, синоќа блесна со три гола.
Сега му треба само уште еден на Мундијалот за да осамне на врвот на вечната листа.
1 гол на Светско првенство 2006: Аргентина - Србија и Црна Гора 6-1
Пред 20 години младито Лионел Меси дебитираше на Светско првенство. Во второто коло од групната фаза на Мундијалот во Германија влезе од клупата за резерви во 74' минута. Веднаш имаше асистенција до Ернан Креспо за гол а после и самиот постигна убав погодок.
Аргентинците славеа 6-1 а Лионел Меси стана најмладиот стрелец на гол во историјата на репрезентацијата на Аргентина - имаше само 19 години.
Тоа се случи на 16-ти јуни 2006. година, точно 20 години до рекордниот меч на Меси во САД.
2 гол на Светско првенство 2014: Аргентина - Босна и Херцеговина 2-1
До следниот гол на Мундијал Меси чекаше 8 години. Во 2010-та година Меси кој носеше капитенска лента околу раката беше клучен за својата селекција. Имаше неколку асистенции и погодоци.
И тоа победничкиот против Босна и Херцеговина за 2-1.
3 гол на Светско првенство 2014: Аргентина - Иран
Меси и тука ги спаси гаучосите со победнички погодок во 90' минута за 1-0.
4-ти и 5-ти гол на Светско првенство 2014: Нигерија - Аргентина

Аргентинците играа слабо на овој Мундијал но во групната фаза ги вадеа волшебствата на Меси. Против Нигерија постигна два гола од кои еден од слободен удар во победата 3:2. Три од четири гола на Светското првенство 2014 му беа од слободен удар.
Во баражот Лео Меси не беше ефикасен ако не се сметаат головите на пенали во полуфинале. Имаше една асистенција во полуфинале со Швајцарците кога му намести гол на Ди Марија.
Со овој учинок Лео беше избран за најдобар играч на турнирот.
6-ти гол, на Светско првенство 2018: Аргентина - Нигерија
После неочекуваното реми 1:1 со Исланд и дебаклот 0-3 од Хрватите, Аргентина играше решавачки меч за пласман понатаму. И пак капитенот ги спасуваше. Со гол против Нигерија за победа Меси стана трет Аргентинец после Диего Марадона и Габриел Батистута кој давал голови на три Светски првенства.
Светско првенство 2022
7-ми гол, на Светско 2022: Саудијска Арабија - Аргентина 2-1
Златниот Мундијал за гаучосите почна со сензационален пораз од Саудијците. Меси го отвори резултатот од пенал но после Аргентиницте примија два гола и доживеаа историски срамен пораз.
8-ми гол, на Светско 2022: Аргентина - Мексико 2-0
Во 2. коло од тој Мундијал најголемиот на сите времиња повторно донесе славје за милиони Аргентинци. Се мачеа долго време да го скршат отпорот на тврдите Мексиканци и на крај Меси успеа.

9-ти гол, на Светско 2022: Австралија - Аргентина 1-2

Со учество на петти Мундијал по ред, најдобриот играч во историјата постигна гол и во баражот. Во осминафинале и помогна на Аргентина едвај да ги совлада Австралијците со 2-1.
10-ти гол, на Светско 2022: Аргентина - Холандија 2:2, пенали
Овој натпревар ќе се памети по жестоките фаули, грубите стартови и неколку прекини и картони. Во четвртфинале Меси даде гол од пенал на стартот од мечот со Холандија а после даде гол од пенал и во серијата која ги одведе во полуфинале.
11-ти гол на Светско 2022: Хрватска - Аргентина
Хулиан Алварез со 2 гола и Лео Меси со 1 им сервираа одмазда на Хрватите и им вратија со иста мера за поразот од 2010-та - 3:0.

12-ти и 13-ти гол на Светско 2022: Франција - Аргентина

Големото епско финале ќе се памети засекогаш. Со два гола на Меси и хет-трик на Килијан Мбапе ова финале беше едно од најдобрите во историјата. Се решаваше на пенали а Меси и другарите беа попрецизни и станаа светски шампиони.
Меси беше избран за најдобар играч на Мундијалот 2022.
Светско првенство 2026-та: 14-ти, 15-ти и 16-ти гол: Аргентина - Алжир

Лионел Меси стана единствен фудбалер во историјата кој настапил на дури 6 Светски првенства (се очекуваат уште и настапи на голманот на Мексико Меме Очоа и на Кристијано Роналдо за да и тие имаат по 6 Мундијали).
И тоа каков настап!
На јубилејниот 200. натпревар за Аргентина Лионел Меси постигна три прекрасни гола за хет-трик. Се израмни со Мирослав Клозе на вечната листа најдобри стрелци во историјата на Светските првенства. Двајцата имаат по 16 гола....
Каков почеток на светскиот шампион! Лео Меси со хет-трик против Алжир