Халанд и Норвешка го разбија Ирак, викинзите го покажаа веслањето

Најдобриот норвешки фудбалер имаше деби на Светско првенство. Ќе го памети по феномален настап и победа 4-1 над Ирак.

Центарфорот на Манчестер Сити постигна два гола на дуелот во Бостон и ја поднесе кандидатурата за најдобар стрелец на Мундијалот.

Најдобриот стрелец во Премиер лигата за изминатата сезона, корпулентниот Халанд го отвори резултатот во 29' минута откако сјајно испрати една акција на неговиот состав:

Интересно Ирак израмни во 39' минута преку Ајмен Хусеин а тоа беше прв гол на Ирачаните на Мундијали после цели 40 години!

Но нивната радост траеше кратко затоа што после само четири минути Халанд пресече една топка која стоперот Тахсин несмасно ја врати кон голманот Хасан и даде гол за ново водство на скандинавците.

Покрај Халанд кој стрелаше во 29-та и 43-та минута а голови за Норвешка дадоа уште и Остигард во 76-та и Торствед во 90+7' пред крајот од натпреварот.

Навивачите на Норвешка уживаа на трибините и повторно веслаа во стилот на славните викинзи:

 

 

Норвежаните направија голем чекор кон пласманот во следна рунда, а во следно коло ги чека силниот Сенегал на 23-ти јуни.

 

17 јуни 2026 - 09:59