Жолтото море од Колумбијци и првиот историски гол на Узбекистан

Колумбија го отвори Мундијалот со убедлива победа 3-1 против дебитантот Узбекистан. На стадионот „Ацтека“ во Мексико пред повеќе од 80.000 гледачи од кои најголем дел Колумбијци, Узбекистан изгуби но го прослави првиот историски гол за нивната репрезентација на едно Светско првенство.

На трибините имаше илјадници Колумбијци кои живеат и работат во САД и Мексико но и допатувани од татковината:

Историскиот прв гол за Узбеикистан на Мундијали го даде Абосбек Фајзулаев во 61' минута за 1-1. Претходно за Колумбија стрелаше Даниел Муњоз во 40' минута а победничките голови ги дадоа Луис Дијаз во 65-та и Жаминтон Кампаз во 90+9'.

Стоперот на Манчестер Сити, Хусанов во еден момент собра и противнички играч и камерман:

Во оваа група се уште и Португалија и Конго кои одиграа 1-1 и имаат по бод. Во следното коло Колумбија ќе игра против Кондо на 24-ти јуни а Португалија ќе се обиде да освои три бода против Узбекистан на 23-ти јуни.

18 јуни 2026 - 09:56