ТРТ им се извинил на гледачите и соопштил дека го тргнал коментаторот од екипата задолжена за преноси на натпреварите од Светско првенство:
„Им се извинуваме на нашите гледачи и јавноста поради оваа грешка. Покренати се итни административни постапки во врска со оваа грешка која е неспоива со долгогодишното искуство во емитување, стручност и посветеност на ТРТ спорт.
Коментаторот е повлечен од тимот за преноси на Светското првенство во САД како дел од истрагата и нема да продолжи да го пренесува Светското.
Неприфатливо е за ТРТ некој со преку 30 години искуство во спортски преноси да направи таква грешка.
ТРТ не толерира никакви екцеси кои ги кршат стандардите на преноси на национални и меѓународни турнири кои допираат до милиони гледачи“.