Фирма во Аргентина дава бесплатни телевизори за сите кои не добиле виза за Америка

Една голема компанија за бела техника во Аргентина ги утешила сите оние навивачи кои биле одбиени за туристичка виза за САД за Светско првенство 2026 со тоа што им нуди бесплатни телевизори.

Целата акција почнала на ден пред почетокот на Светското првенство а во продавниците на фирмата во Буенос Аирес се ределе редови од лица одбиени за американска виза, со цел за да добијат бесплатен нов телевизор.

На овој начин навивачите на светскиот шампион кои нема да можат да ги бодрат гаучосите од трибините во САД, ќе можат преку нови телевизори да најдат утеха.

Светскиот првак Аргентина со капитенот Лионел Меси на чело ноќеска во 3 часот после полноќ го отвора својот настап на Мундијалот против Алжир во Канзас Сити.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DW Español (@dw_espanol)

16 јуни 2026 - 10:43