Уругвајците тресени со кучиња, па одиграа само 1-1 со Саудиска Арабија

Уругвајците тресени со кучиња, па одиграа само 1-1 со Саудиска Арабија

Репрезентативците на Уругвај синоќа ремизираа 1-1 со Саудиска Арабија во 1. коло од групата Х. Натпреварот се играше во Мајами на Флорида, а ѕвездите на Манчестер Јунајтед (Угарте), капитенот на Реал Мадрид (Валверде), некогашниот шпиц на Ливерпул Дарвин Нуњез и другите не очекувале дека при доаѓањето во Мајами ќе бидат тресени како да се криминалци а не репрезентативци.

Уругвајците имаа 27 шута на гол, 10 во рамки на голманот на Саудиска Арабија но едвај спасија бод во 80' минута преку Максимилијано Араухо. Саудијците претходно први поведоа во 41' минута преку Ал-Амри.

БИЈЕЛСА ПРИНЦИПИЕЛЕН, НЕ САКАЛ ДА БИДЕ ЦИРКУСКА МЕЧКА

Селекторот на Уругвај, легендарниот Марсело Бијелса кој на официјалното фотографирање за Светско првенство гледал во земја и одбил да одигра некој танц или да направи нешто со рацете што му барале организаторите, после натпреварот изјавил:

„Не морам да давам никакво објаснување. Сликата е сликната како што е сликната. Не сум модел. Немам одговор на тоа. Дали треба и сега да објаснам зошто не ги гледам оние кои зборуваат (на конференција за новинари). Немам објаснување да ви дадам“.

16 јуни 2026 - 13:11