Уште во рана фаза од средбата Англија доби пенал, во 9' минута кога Лука Модриќ несмасно во обид да исфрли една топка не примети дека зад него е Мадуеке па практично го шутна ривалот и направи пенал.
Капитенот на Англија Кејн ја намести топката, но Ливаковиќ му го одбрани шутот за големо славје на „коцкестите“. Но главниот судија Клеман Турпан на асистенција на ВАР собата го поништи голот зошто хрватскиот голман Ливаковиќ и стоперот Јошко Гвардиол предвреме влегле.
Од вториот обид Кејн беше непогрешлив и Англија поведе.

Хрватска не падна после примениот гол, напротив тргна по израмнување и го најде во 36' минута. Мартин Батурина од италијански Комо постигна прекрасен гол од далечина за 1-1.
До крајот од првиот дел паднаа уште два гола, по еден на двете страни. Прво Хари Кејн со глава пак донесе предност за Англичаните но Петар Муса на истек на првиот дел во 45+5' минута израмни на 2-2.
Луд прв дел со дури 4 гола!

Во вторите 45 минути Англија беше подобар ривал. Само што почна вториот дел Џуд Белингем во 47' минута по една соло акција погоди за 3-2.
Маркус Рашфорд кој влезе од клупата за резерви во 85' минута ги урна сите надежи на Хрватите и со гол за конечни 4-2 го постави конечниот резултат и запечати триумф на Англија.