Анри по бледиот учинок на Кристијано Роналдо: „Не е работата ти да дадеш гол“

Големиот Тиери Анри во студиото на Фокс каналот како стручен коментатор прописно го испердаши Кристијано Роналдо по очајното издание на Португалецот на дуелот со ДР Конго кој заврши 1-1. Португалците разочараа на отворањето и ремизираа против африканската селекција.

„Една работа е важна, екипата треба да даде гол, не ти да дадеш. Зошто тој сака да даде гол и оди во насока на задниот пас, ги гледате двајцата играчи и полесно е за тебе да се браниш. И тоа е мое мислење: екипата треба да даде гол, а не ти да дадеш“, отворено му порачал Анри на Кристијано Роналдо по една акција која му ја упропастил на Бруно Фернандеш пред голот.

18 јуни 2026 - 09:05