Offside

Најголемата ѕвезда на Барселона и легитимен наследник на вечниот Лионел Меси на „Камп Ноу“, младиот Ламин Јамал вели за својата мајка дека „е негова кралица и дека е она што секое дете може да посака“. Раскажал и како се чувствувал кога татко му го избоделе на улица.

Вардар повторно го преслуша Пелистер и го освои Купот во Охрид!

Ракометарите на Вардар 1961 во големото финале на Купот на Македонија, вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер 31-27 и стигнаа до 17-от пехар во најмасовното натпреварување.

Ново шоу на Меси, 2 гола и 2 асистенции

Интер Мајами конечно почна да игра како треба со Меси, Аргентинецот и екипата ја подигнаа формата и синоќа го совладаа Колумбус Кру со 5-1 во МЛС лигата. Меси имаше две асистенции и два гола.

Камерите не покажаа парола за Палестина во финалето на ЛШ

Навивачите на ПСЖ кои стоеја зад едниот од головите на „Алијанц Арена“, за време на големото финале на ЛШ против Интер (5:0) во еден момент кренаа парола „Стоп за геноцидот во Газа“.

Сеќавање на малата ќеркичка, солзи и среќа на Луис Енрике

Синоќешното големо финале на Лига на шампиони беше во знакот на ПСЖ кој го потопи Интер со 5:0 и тоа беше првпат екипа да прими пет погодоци во финале после далечната 1962. Вечерта беше посебна и исполнета со емоции и за тренерот на Парижаните Луис Енрике кој пред неколку години изгуби ќерка.

Париз пак личеше на војна по финалето на Лига на шампиони

Славјето на улиците на француската престолнина повторно беа како воена зона, синоќа после финалето на Лига на шампиони каде Пари Сен Жермен славеше убедлив историски триумф од 5:0 против Интер.

ПСЖ е нов европски шампион, Интер разбиен со 5:0!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се нови шампиони во Лига на шампиони откако вечерва го декласираа Интер на „Алијанц Арена“ во Минхен со петарда!

Ламин Јамал рекол дека без баба му не се слика за новиот договор

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, младиот 17-годишен бисер на Барселона Ламин Јамал кој веќе има шампионска титула од Европско првенство и 2 шампионски пехари во Шпанија, неодамна потпиша договор со Каталонците до 2031 година.

Прва победа на македонските одбојкарки во Европа после 17 години

Најдобрите македонски одбојкарки ја запишаа првата победа во Сребрената европска лига на ЦЕВ совладувајќи го Луксембург со 3-0 во сетови: 25:16, 25-19, 25-14.

Мертенс го стави син му во пехар на прослава на титула

Галатасарај одигра уште една историска сезона откако ги освои и шампионската титула и Купот на Турција. Синоќа славеа на нивниот „Рамс парк“ пред своите навивачи откако со 2-о го совладаа Башакшехир во последното коло од турската Супер лига. Дрис Мертенс знаеше како да прослави со син му.

Денот кога Халанд години даде 9 гола на 1 натпревар

На денешен ден на Светско младински првенство пред шест години, Норвешка У-20 го совлада Хондурас 12-0 во полскиот град Лублин. Тогаш светот првпат слушна за некое норвешко фудбалско чудо за кое наскоро рипнаа светските фудбалски гиганти да го доведат во своите редови.

Шибеник - Хајдук низ објективот на апарат со развивање филм

Чува ли некој дома вакво ретро и му работи ли? Одиш на одмор и се знае, филмот ако има 25 слики, спомените од одморот ги имаш во 25 слики, а не како сега по 600, па ти се губат по телефони и компјутери. Навивач се појавил на стадион во Хрватска во последно коло, токму со ваков олд скул апарат.

Една шева од најдобрата екипа во историјата на Барселона

Кога во живо на „Градски“ во Скопје сме гледале како се загрева Шпанија сме верувале дека тоа е најневеројатна шева некогаш одиграна. А сега излезе видео од загревање на Барселона на „Вембли“ пред финалето на Лига на шампиони во 2011-та против Манчестер Јунајтед. Најдобра генерација во историјата на клубот која освои сè што можеше да се освои.

Ријека освои двојна круна и му донесе на Динамо 4,3 милиони евра

Ријека е апсолутен шампион на Хрватска откако по драмата ја освои шампионската титула во последно коло, а сега на пехарот му придодаде и трофеј од хрватскиот Куп.

Две убавини од слободен удар, една во Полска, друга во Турција

Висла Плок со 2-1 ја совлада Полонија Варшава со гол во 90-та минута од слободен удар на 34-годишниот шпански ветеран Дани Пачеко. Висла со оваа победа е трета во втора лига, на место кое води во доигрување за прва лига. А во Турција Фатих Караѓумрук го совлада Тексут Бандирмаспор со 3-1 во првиот меч од баражот за прва лига. Ама што гол даде гостинскиот фудбалер Хикмет Чифтчи.

Го прашаа Ѓоковиќ кој ќе тепа во финале на ЛШ

И покрај проблемите со плускавец, што му го отежна движењето во трет сет, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако го победи Французинот Корентин Муте со 3-0. Доби прашање за утрешното финале меѓу ПСЖ и Интер. Не му дава срце да типува на Интер, бидејќи е навивач на Милан. Поштено.

Шутирај од таму колку сакаш

Реимс остана без прва лига на драматичен начин. Примија гол од 50 метри во 114 минута. Првиот бараж дуел против Мец на гости го одиграа 1:1 и вториот дома 1:1. Но примија два комада во продолженијата и загубија 1:3. Гостите плачеа од радост што ќе влезат во Лига 1.

Наполитанците го сместија Мектоминеј на свето место

Навивачите на Наполи се фанатици за фудбал, нешто најблиску до Аргентинците. За нив Скудетото е нешто божествено и општо фудбалот како спорт. Скот Мектоминај официјално стана дел од неаполскиот фудбалски пантеон со свое светилиште. Се наоѓа во храмот Вико Сан Никола ал Нило, сместен во центарот на Неапол.

Нејмар е тутурутка, не знае кој е Флориан Вирц

Титула со Баер, Куп у Супер Куп на Германија или во превод еден од главните ликови на тимот кој изгази минатата сезона и стигна до тројна круна. Втора сезона по ред избран за најдобар играч во Бундеслигата. Зборуваме за иднината на германскиот фудбал по која се грабаат најголемите. Нејмар како вчера да се родил.

Еден од најлудите слаломи во кариерата на Меси

863 му се во кариерата и тој сам не може да се сети колку само малтретирања им правел на противниците, а не па неговата публика. Но, ова сигурно котира многу високо, како еден од неговите најјаки ремек дела на кој сме се чуделе. Се работи за финалето од Копа дел Реј против Атлетик Билбао пред точно 10 години.

Снимка од карантинот на Ѕвезда на 40 км од Бари

Таков е 29-ти мај. Потсетник на една уникатна и неповторлива фудбалска приказна од Југославија. Европската титула на Црвена Ѕвезда 1991 со нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски. Имаме историски снимки од замок во близина на Бари, каде јунаците се релаксираат.

Што гол ќе беше ова?

Извесен Марко Илиќ од германскиот четвртолигаш Хавелсе, изведе експлозија од волеј кој вреди да се погледне неколку пати. Она што фали во клипот е снимка од друг агол за да сфатиме како успеа вака да си ја намести.

40 години од големата трагедија во европскиот фудбал

На денешен ден пред 40 години, на стадионот „Хејсел“ во Брисел се случи најголемата трагедија во историјата на фудбалската игра во Европа.

Преубав документарец за Пауло „Хоја“ Дибала

Аргентинецот кој освои Светско првенство во 2022 со „гаучосите“, своето гнездо си го најде во Рома каде игра добро по заминувањето од Јувентус. Во долгометражна документарка за Спортс Илустрејтед раскажува за своите почетоци.

34 години од Дарко, Дарко, Дарко!

На денешен ден пред точно 34 години, белградска Црвена звезда оствари историски успех откако стана шампион на Европа. Црвено-белите на 29. мај 1991 на стадионот „Свети Никола“ во Бари во финалето на Куп на европски шампиони (денес Лига на шампиони) го совладаа силниот Олимпик Марсеј на пенали 5:3 откако во основното време резултатот беше 0:0.