Реал Мадрид го победи Депортиво и доби пехар тежок 30 кила

Годинава во најдобрата шпанска Ла Лига се врати култниот Депортиво А Коруња (го сменија името од Ла Коруња). Овој симпатичен клуб носталгично не враќа на времето кога за нив со голем успех играа Диего Тристан, Рој Макај, Молина, Џалмиња и други. Синоќа на пријателски натпревар наречен „Тереза Ерера“ Реал Мадрид го совлада Депортиво на неговиот Риазор 0-1 со голот на Браим Дијаз во 45+1' минута.

За победата Реал Мадрид добил пехар тежок 30 килограми, наменет за победникот на ревијалниот натпревар „Тереза Ерера“. Убавиот пехар е реплика на фамозната кула Торе де Херкулес која е симбол на градот и се користи од 1970-та година.

 

13 август 2026 - 10:24