Ромел Глејв истрча 10,09 секунди што му беше доволно за златниот медал а на второ место среброто го освои исто Британец, Џеремаја Азу кој трчаше 10,16 секунди. Трето место заврши Германецот Овен Анса кој ја истрча делницата за 10,19 секунди.
Глејв е бронзен медал од Европско првенство 2024.
Италијанецот Ламонт Марсел Џејковс кој има олимписко злато од Токио и европска титула од Рим 2024, сега се повреди додека трчаше но не се откажа до крајот. На крај заврши на седмо место со 12,26 секунди.
Британската доминација на Европското првенство во Бирмингем ја продолжи и Ејми Хант која го освои првото злато за Велика Британија на ова Европско откако славеше на 100 метри кои ги истрча за 11 секунди.
Во моментов Велика Британија е прва со 4 вкупни медали во атлетика на Европското (2 злата, 2 сребра), Италија има исто 4 од кои 2 злата едно сребро и една бронза, Холандија има исто 2 злата, едно сребро и една бронза.