Меси со тешко срце: „Не знам што ќе правам сега без тебе, како да продолжам“?

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, го прекина молкот по смртта на неговиот татко Хорхе Меси (68) кој починал во саботата во Аргентина и ја сподели најемотивната и најлична порака во неговата кариера.

Само неколку дена откако го загуби својот сакан татко кој му беше и најдобар другар и негов менаџер уште од најрана возраст па преку професионалната богата кариера, капитенот на Аргентина на друштвените мрежи се збогуваше со Хорхе и откри некои нивни заеднички моменти.

„Тато уште не можам да верувам дека замина. Не можам да веурвам дека нема да те видам повеќе, дека нема да зборуваме повеќе. Знам дека страдаше и дека ова беше најдобро нешто но замина многу прерано. Имавме уште толку многу да уживаме заедно.

Секогаш бараше да го играм последното Светско и денови пред да почне тебе ти се влоши состојбата. Тоа беше првпат кога ти не дојде на Светско, но мама ми кажа дека ќе бидеш добро и дека ќе бидеш спремен за да патуваш. Ти кажав дека ќе стигнеме до финале и да дојдеш да го гледаш натпреварот.

Дојдов до тебе зошто не можев да зборувам за се што се случуваше. Не можеше да уживаш во ништо. Не бевме шампиони но немаш претстава колку уживавме на секој натпревар. Уште еднаш, во право беше кога рече: треба да одиш (на Светско) и да играш таму.

Ти го велам ова зошто беше нешто за кое не можевме да зборуваме, зошто се друго веќе знаеш. Зборувавме секој ден и се гледавме кога можевме поради моите обврски.

Не знам што ќе правам без тебе, не знам како да продолжам. Јас само играм фудбал и сега имам многу недоумици дали ќе продолжам да играм уште долго. Ти беше до мене уште од почетокот, толку блиску до крајот. Зошто не издржа уште малку подолго за да можевме да ја завршиме (кариерата) заедно?

Знам дека твојата среќа беше да бидеш со семејството, со децата, и пред се, без другите да знаат, да ме гледаш како играм. Отсекогаш беше така уште кога бев мал. Ме носеше на тренинг само што си доаѓаше дома од работа. Ви одземав толку многу време со мама зошто работевте. Очигледно не пропушти ниеден од тие натпревари. Како патеше да ме гледаше и колку уживаше во исто време, иако никогаш не ми даваше многу пофалби.

Ти ми беше татко, другар и претставник. Секогаш беше лицето кое треба да бидеш во секој момент и никогаш не правеше грешки. Зад секоја дискусија или расправија ти секогаш беше во право. На крајот се се сведува на тоа што го кажа...

Ќе ми недостигаш многу, но секогаш ќе бидеш тука, и посебно преку воспитание на моите деца зошто јас ги учам и воспитувам како што ти ме учеше мене.

Почивај во мир и чувај не од горе како што не чуваше тука. Ти благодарам за сè.

Те сакам тато“.

Аргентина успеа но Хорхе Меси не беше присутен на финалето на Светско првенство против Шпанија.

Лео Меси исто така открил и момент за време на Светското, дека чекал порака од татко му после секој натпревар. Знаејќи колку е тешка ситуацијата, тоа му била уште една мотивација да остане во фудбалот што е можно подолго.

12 август 2026 - 15:33