Детали од судењето: Марадона умирал во големи маки

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

На судско рочиште во Сан Исидро, судскиот лекар Карлос Казинели изнел сериозни обвиненија на сметка на лекарскиот тим кој се грижел за Мараона. Тој тврдел дека бројни алармантни симптоми биле запоставени и дека имало отсуство на правовремена реакција на лекарите.

Седуммина здравствени работници од средината на април се наоѓаат на суд поради сомнежи дека со своите постапки односно пропусти придонеле за смртта на славниот аргентински фудбалер.

Марадона почина во ноември 2020-та само неколку недели по операција на мозогокот. Како непосредни причини за смртта се наведуваат срцев прекин и акутен едем на белите дробови односно сериозна состојба со течност во истите.

Казинели пред судот зборувал во својство на член на специјалната медицинска комисија која ја анализирала медицинската документација и исказите на сведоците. Според неговите тврдења, Марадона во деновите пред смртта покажувал повеќе симптоми кои морале да бидат сфатени како сериозно предупредување.

Меѓу нив и отекување нозе и прсти, отежнато и неправило дишење, висок крвен притисок и исклучително брза работа на срцето.

„Таа состојба претставувала директен животно загрожувачки ризик“, рекол Казинел и повторил дека никој од лекарите на адекватен начин не ја проверил причината на отекување ниту смениле терапија поради новите симптоми ниту презел потребни мерки.

Посебно прашање на судењето претстаувала одлуката Марадона после операцијата да биде пратен на домашно лекување. Според наоидте на кои се повикал вештак, неговата здравствена состојба после тоа постепено се влошувала но немало соодветна реакција на медицинскиот тим се до кобниот исход.

Најпотресен дел од сведочењето бил оној за самиот крај на животот на Диего.

Според реконструкцијата, Марадона во последните 12 часа од животот ги поминал низ тешка агонија и сериозно страдање. Како е наведено пред судот, состојбата му била крајно тешка а помошта која му била неопходна не му ја пружиле на време.

Обвинетите ја отфрлаат одговорноста за смртта на славниот фудбалер. Нивната обдрана инсистира дека Диего починал од природна смрт и укажувале на неговите долгогодишни проблеми со алкохол и кокаин. Тврдат дека здравствените работници направиле се што е во нивна моќ.

Судењето продолжува да отвори болни прашања за последните денови и часови од животот на Марадона.

13 август 2026 - 14:50