Младиот Хрват Батурина ја шина одбраната на Арсенал
Комо е најголема сензација на италијанскиот фудбал. Екипа која во само неколку години од најнизок ранг стигна до Серија А па и до Лига на шампиони. За првпат во историјата ќе играат во елитното натпреварување. Имаат млада екипа, млад тренер (Фабрегас), а сопственици им се најбогатите Индонезијци во светот. Синоќа Комо играше пријателска против Арсенал на „Емирати“, мечот заврши 1-1 а голот за Италијанците кој го даде Мартин Батурина за 1:1 во 43' минута беше врвен.