Offside

Традицијата не се прекршува. Фабијан Руиз и Гави ги добија необичните подароци по освојувањето на светската титула. Ќе има за шопска, па и за салса.

Реал Сосиедад го освои Купот на Кралот по лудо финале со Атлетико

Атлетико Мадрид ја продолжи малерозната серија во големите финалиња, откако синоќа изгуби во дуел за трофејот од Реал Сосиедад 6:4 на пенали откако претходно во основниот дел беше 2:2.

Дебито на Роналдо за Барселона

Феноменот тука има 20 години и дебитира за Барса на 20 август 1996-та против Атлетико Мадрид во Супер Куп. Даде два гола, но да е само тоа. Не се држеше овој човек. Мурињо се радува како асистент/преведувач на Боби Робсон, а ќе ги видите и Просинечки, Стоичков, Гвардиола, Фиго...Бразилецот ќе ја заврши сезоната со 47 гола на 49 меча.

Подигнете му споменик за дриблингов

Го пуштивме на рипит, па го сецкавме забавено за да сконтаме што и направи на топката. Каков Нејмар, какви бакрачи. Ова е друга димензија на игра еден на еден. Скроз лудо.

Во Буенос Аирес атмосферата на фудбал е надреална

Ривер Плејт, 2024-та. Ова го нема никаде на друго место.

Циркус на сезоната каков што немало ни ќе има

Куп Нордесте во Бразил, играле Америка Натал и Форталеза. Мечот завршил 1-1 а гостинските навивачи и фудбалери уште не можат да поверуваат што видоа во една акција.

Каков е овој спринт на 100 метри на само 16 години?

Австралиецот Гаут Гаут, пред неколку дена испиша нова историја во атлетиката, откако на националното првенство во Сиднеј оствари резултат на 200 метри со време од 19,67 секунди. Ова го направи на 18 години, побрзо од Болт на иста возраст. Но, сега внимавајте му го спринтов пред две години на 100 метри, кога стигна од личен рекорд од 10,04. Излегува дека другиве џабе трчаа. Ги изеде.

Плукни таму, следен пат паричка ќе си најдеш

Пред 10 години на турнир во Барселона. Најјако е што изреагира како ништо да не било. Цар.

Ди Канио ја удираше главата од маса во студио

Некогашниот фудбалер на Вест Хем, Лацио и бројни други клубови, за време на гостување во студио на Скај спорт Италија за Лига на шампиони, на прашање на водителката Федерика Мазолин дали италијанскиот фудбал би можел да го достигне нивото на Премиер лига. Ди Канио сакрастично одговорил: „Добар бев до сега и сега сакаш да ме испровоцираш. Да ме налутиш!“ и почнал да ја удира главата од маса.

Хет-трик на син му на Роналдо со прекрасен гол од слободен

Кристијано Роналдо Јуниор игра за тимот на Ал Наср У-16. Тој на средбата против Ал Фајха У-16 постигнал три гола од кои еден маестрален од слободен удар, во стилот на најдобриот стрелец на сите времиња, Кристијано Роналдо.

„Постои агенда да го спречат Јокиќ да влезе во елитниот клуб со 4 признанија“

Првотимецот на Милвоки Бакс и НБА шампион од 2021-ва Боби Портис смета дека Никола Јокиќ оваа сезона нема да ја освои МВП наградата, зошто како што вели постои одредена агенда да се спречи негов влез во елитниот клуб на само неколку играчи со најважната индивидуална награда во НБА лигата за најдобар играч на сезоната.

Во сообраќајка и судар со воз, загина познатиот голман Алекс Манингер

Во текот на вечерта во четвртокот стигнаа ужасни вести: некогашниот голман на Јувентус и Арсенал кој освои шампионски титули со овие два големи клуба, загинал во сообраќајна несреќа на 48 години.

Волејот на вечерта

По триумфот од 3:0 на првиот дуел, Фрајбург го потврди полуфиналето во Лига Европа со нова победа од 1:3 против Селта. Резултатот го отвори Игор Матановиќ на кој му легна ептен, односно му ја наместија на волеј. За момент изгледаше дека голот ќе му биде поништен, ама не се поништува ваква убавина.

Меси купи клуб во Шпанија, сака да го прави голем и славен

Осумкратниот најдобар играч на светот и најдобар на сите времиња според многумина, Лионел Меси станал сопственик на шпанскиот петтолигаш УЕ Корнелиа. 

Француско германска тепачка во Конференциската лига

Стразбур го декласираше Мајнц со 4:0 во реванш четвртфиналето од КЛ, резултат кој го носи во полуфинале после поразот од 2:0. Надием Амири не можеше да го поднесе славјето на домаќините со корнер знаменцето и предизвика групна тепачка. За агресијата доби црвен.

Нема потреба од црвен, префрлете го веднаш на УФЦ

Токму така, го имаме најчистиот црвен картон, би рекле во историјата на фудбалот. Па уште се буни. Требаше повеќе да се буни, пошто реално сам падна.

Англиски навивачи со класичен италијански стил среде Италија

Навивачите на Кристал Палас се уникатни поради тоа што први на Островот го сменија стилот на навивање и од класичен англиски стил веќе неколку години се прави тифози. Со знамиња со кореографии, со барјаци, со бакљи, петарди, тапани... Така беше и синоќа во Фиренца каде Кристал Палас и гостуваше на Фиорентина и загуби 2:1 но се пласираше во полуфинале на Конференциска лига.

Овации за Дончиќ и Ѓоковиќ во Мадрид

Новак Ѓоковиќ и Лука Дончиќ се појавија заедно во „Мовистар“ арената во Мадрид, за да го гледаат дуелот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена Ѕвезда. Едниот стана МВП со кралскиот тим, а другиот е навивач на Ѕвезда која често ја бодри во сала.

Омерагиќ го изненади Чеферин со шарпланинец

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е во официјална посета на ФФМ, заедно со Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации и Денис Бастари, раководител за развој на националните асоцијации. Меѓу подароците, доби и шарпланинец.

Косоварот кој дочека во Шпанија да му пејат: „Златна топка“

Лотито во 2020-та, ненадејно плати 20 милиони евра за напаѓачот од Фенербахче, Ведат Муриќи. Навивачите на Лацио го сметаа за најголема превара од играч. Остана сезона и пол и за 49 натпревари постигна 2 гола. Во Мајорка е веќе четири и пол сезони и оваа му е врвот. 21 погодок на 30 натпревари, само 2 помалку од Мбапе и 6 повеќе од Јамал. По двата комада против Рајо изминатиот викенд му скандираа: „Златна топка“, а овој им гестикулираше да не се чакнати. Има 32 гола на 68 средби за Косово. Се препороди.

Компилација со најдобрите асистенции сезонава на Јокиќ

Имаме видео во кое кошарката се спојува со уметноста. Не знаеме дали МВП наградата ќе му припадне нему, но знаеме дека овој човек, висок 198 см и тежок 137 кг, кој ја заврши оваа сезона со просек од трипл-дабл (27,7 поени, 12,9 скока, 10,7 асистенции), станувајќи прв играч во историјата на прво место, истовремено по број на скокови и асистенции, дефинитивно е еден од најсилните плејмејкери на сите времиња.

Како е да се биде пикер?

Милан Лазаревски - Мечка, ќе ви објасни од прилика колку е зезнато да се игра ракомет на неговата позиција.

Анчелоти се советувал со претседателот на Бразил дали да го вика Нејмар

Главна тема во бразилската јавност е дали селекторот Карло Анчелоти да го повика Нејмар на Светско првенство 2026 летово. Анчелоти не го стави на список фудбалерот на Сантос за последниот собир а прашање е дали ќе го вика за Мундијалот. Италијанецот се консултирал и со Лула, претседателот на Бразил.

Јака анегдота на Дуле Вујошевиќ со легендарниот Миша Тумбас

Душко Вујошевиќ создаде бројни генерации врвни кошаркари. А во таа славна ера култен лик беше Миша Тумбас, искрена душа од белградскиот асфалт кој живееше само за Партизан. Како социјален случај играчите, навивачите и тренерите често му купувале храна и му носеле алишта. Тој беше познат како вика од трибините со својот грубијански глас а беше како дете во тело на стар човек.

Култна екипа на Комити среде Франција

Ја имаме навивачката фотографија на денот. Комити во акција во Франција по повод гостувањето на Вардар против Бордо, во првото коло од Купот на УЕФА на 25 септември 1995-та. Јака екипа е ова составена од Манки, Жути, Капар, Мац Црни. Допишете во коментар ако препознаете уште некој.