Родри се решил за Барселона наместо за Реал Мадрид

Најдобриот фудбалер на Светското првенство 2026 и најдобар играч на светот според изборот на ФИФА за 2025, Шпанецот Родри најверојатно ќе премине во Барселона. Иако долго време го поврзуваа со Реал Мадрид.

На почетокот на летото Реал Мадрид не го планирал трансферот на Родри, се договорија за продолжување на договорот со Орелиен Чуамени, го потпишаа Бернардо Силва и се свртеа кон Аргентинецот од Челси Енцо Фернандес.

Но се се смени после Светското првенство.

По информации на Атлетик, Реал првично се сомневал во Родри поради возраста и повредите но нивото на неговите игри на Светското го разубедиле клубот. Така фудбалерот на Сити се нашол на списокот потенцијални цели.

Последна препрека бил претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез кого го плашела историјата на повреди на Родри (два пати доживеа тешки повреди) и врските кои ги имал со неговиот неодамнешен противкандидат на изборите Енрике Рикелме.

Пред изборите Рикелме ветил дека ќе го потпише Родри ако победи.

На радиостаницата COPE објавиле дека во 2024-та Флорентино сам работел на трансфер на Родри од Сити но тогаш се пропаднало поради повредата на лигаментите на Шпанецот.

А новиот тренер на Реал Мадрид Жозе Мурињо кој летово во Мадрид добил уникална власт врз трансфер поитиката, побарал да му го потпишат фудбалерот од среден ред. И тогаш Перез прифатил тоа да биде Родри.

Реал во последната недела од јули ги почнал официјалните преговори со Родри.

СЕ ДОГОВОРИЛЕ СО РОДРИ НО СИТИ САКАЛ АУКЦИЈА

Инсајдерот Фабрицио Роман соопшти дека Реал му понудил 50 милиони евра на Манчестер Сити но англискиот клуб не ги продолжил преговорите туку привремено ги паузирал. Чекале да видат дали во трката за Родри ќе се појават и други клубови па сакале да направат права мала аукција.

Матео Морето од Марка и инсајдерот на Реал Рамон Алварез потврдиле дека „кралевите“ веќе ги договориле сите детали со самиот Родри за 4-годишен договор. Останал само Сити да прифати.

Француски Л'Екип пишувал дека Манчестер Сити им го понудил Родри и на Баерн Минхен и на ПСЖ но тие не се заинтересирале.

Првите гласини за Барселона ги збуниле луѓето од Реал Мадрид. Каталонски инсајдери уверувале: во Барса знаат дека Родри сака во Мадрид и не планира трансфер на „Камп Ноу“.

КАКО ДОШЛО ДО ПРЕСВРТ? РОДРИ ПРЕКИНАЛ ДА ГО ЧЕКА РЕАЛ И БАРСА ГО ИСКОРИСТИЛА ТОА

За двете последни недели преговорите меѓу Реал Мадрид и Сити не мрднале - се останало на понудата на Реал Мадрид од 50 милиони евра.

На почетокот на август Родри разговарал и со Барселона, тренерот Ханси Флик лично му се јавил на телефон да го убеди да дојде. После овој разговор Родри се решил да прејде во Барса.

Новинарот Матео Морето од Марка вели дека фудбалерот на Сити чекал да види конкретни потези од Реал Мадрид, па иако имале меѓусебен договор одамна, зделката со Сити не мрднала од место.

Веројатно и поради фокусот на Реал Мадрид на други зделки (дојде младиот Јан Диоманде од РБ Лајпциг за астрономски 125 милиони евра).

Фабрицио Роман пишуваше дека Реал не излегол од преговорите и не се откажал од Родри но пред неколку дена наводно самиот фудбалер им соопштил на „кралевите“ дека сака да оди во Барса, пишуваше АС.

Причини за тоа наводно биле што стилот на Барса и наследството на Пеп Гвардиола му биле поблиски а исто и блиските односи со репрезентативците на Шпанија - Педри, Гави, Феран Торес, Ламин Јамал и другите.

Од Реал Мадрид имале почит за таквата одлука на фудбалерот и му посакале среќа.

Познатиот лист Ел Паис пиша дека во Мадрид не се разочарале ншто посебно зошто и самите се решиле за други варијанти. Тие не сакале играч кој се мисли дали да дојде кај нив.

А на Родри му било приоритет само да се врати во Шпанија.

ЕСПН додава дека трансферот на Родри има два клучни аспекти:

- Реал Мадрид не пројавил доволна решителност да го купи Родри кога бил единствен кандидат за него

- меѓу Реал и Барселона самиот играч ги избрал Ксталонците.

7 август 2026 - 08:27