НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА РЕАЛ: ДИОМАНДЕ НАДМИНА ТОП ЅВЕЗДИ И Е ВТОР
Крилниот напаѓач од Брег на Слонова Коска е втор по висината на трансферот. Со 125 милиони евра одвоени за него Реал го направи вториот најскап трансфер во историјата. Само Џуд Белингем е платен поскапо.
Притоа треба да се напомене дека Реал многу полесно го договори Џуд Белингам, а со Јан Диоманде и РБ Лајпциг одело потешко, велат инсајдерите на трансферот. Лајпциг пропишал лесно достижни евентуални бонуси со кои целиот трансфер оди до 135 милиони евра а максмимум Лајпциг може да заработи 140 милиони евра ако се исполнат некои договорени предуслови за настапите на Диоманде.

5% од фиксната сума ќе добие Леганес каде Јан Диоманде играше една година пред да оди во Германија.
Џуд Белингем исто дојде во Реал Мадрид на 19 години. Исто од Бундеслига. Од таму го доведоа и Лука Јовиќ кој блескаше во Ајнтрахт Франкфурт а сега е во грчки АЕК.
Диоманде е петто засилување за „кралевите“ летово. Веќе дојдоа Ибраима Конате, Марк Кукуреља, Бернардо Силва и Даниел Думфрис. Реал потроши 195 милиони евра а планира уште да го засилува составот на Мурињо.
Реал го поврзуваат уште со Енцо Фернандез од Челси и со Алесандро Бастони од Интер.
НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ НА РЕАЛ (извор Трансфермаркт)
1. Џуд Белингем (Борусија Дортмунд, 127 милиони евра)
2. Јан Диоманде (РБ Лајпциг, 125 милиони евра)
3. Еден Азар (Челси, 120,8 милиони евра)
4. Гарет Бејл (Тотенхем, 101 милион евра)
5. Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, 94 милиони евра)
6. Орелиен Чуамени (Монако, 80 милиони евра)
7. Зинедин Зидан (Јувентус, 77,5 милиони евра)
8. Хамес Родригез (Монако, 75 милиони евра)
9. Кака (Милан, 67 милиони евра)
10. Лука Јовиќ (Ајнтрахт Франкфурт, 63 милиони евра).