На стартот на групната фаза од Лига Купот во САД, Интер Мајами со 4-2 го победил Сан Луис. Лео Меси дал два гола во 11-та и 44-та минута а имал и асистенција. Ова е прв настап на Лео по Светското првенство каде стана вицешампион со Аргентина после поразот во финале од Шпанија 1-0.
Стрелци на останатите два гола беа Теласко Сеговија во 26' и Микаел во 45+7' минута, а за гостите Давид Родригез во 4-та минута и Рафа Љоренте во 51-ва.