Најнов пример за успешен излезен трансфер е Калеб Јиренки кој е на чекор од потпис со Ковентри и рекорден трансфер во историјата на скандинавскиот фудбал. Ова е само уште еден доказ дека во градчето Фарум северно од Копенхаген сисремот функционира идеално.
🚨🔵⚪️ Coventry City have agreed deal to sign Ghana midfielder Caleb Yirenkyi from FC Nordsjælland!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 5, 2026
Fee worth €27m plus €3m add-ons, as @F_Abolhosseini reports. pic.twitter.com/sj9qpdWQkA
Она што многумина не го знаат е дека успехот на Нордсјеланд не станал преку ноќ.
Зад него стојат повеќе од две децении работа, една револуционерна идеја и човеко кој уште од крајот на '90-те години видел нешто што останатиот фудбалски свет тогаш не го видел.
Приказната почнува многу поодамна пред овој клуб да стане познат ширум Европа. Првично клубот е основан во 1991-ва година под името Фарум БК со спојување, со фузија на два локални тима. Во следната деценија Фарум од најниските рангови на данскиот фудбал стигна до првата елитна лига а на почетокот на новиот милениум почна да привлекува внимание со своите резултати.
Но на почетокот на 2000-те години следел тежок удар.
Градоначалникот на Фарум Петер Брих бил централна фигура на голем политички и финансиски скандал кој ја потресол Данска. Клубот кој во голема мера зависел од општината се нашол во сериозни проблеми. Набрзо е сменета управата, финансиската констуркција морала да биде во целост обновена, а клубот го следела негативна слика па затоа во 2023-та е сменето и името. Така настана Нордсјеланд пред три години.
Тоа не беше само пука козметичка промена. Новиот идентитет требал да го претставува целиот регион на северен Зеланд а не само малото градче Фарум. Неколку години подоцна се испоставило дека токму оваа одлука била еден од темелите за големиот успех.
Прва голема потврда дека клубот оди нагоре и во добра насока стигна во 2012. Нордсјеланд ја освои својата прва шампионска титула во историјата, се избори за пласман во Лига на шампиони и наеднаш стана многу повеќе од мал анонимус од данската Суперлига. Сепак нешто што се случило неколку години подоцна во целост ја сменило иднината на клубот.
Нордсјеланд во 2015-та година го купила организацијата „Right to Dream“ („Право да сонуваш“).
На прв поглед тоа делувало скромно но тој потег денес многумина го сметаат за еден од најгенијалните деловни потези. Ова здружени не настанало во Европа туку неговите корени се наоѓаат во Гана, а зад целата приказна стои Том Вернон, човек чие име на јавноста не и значи ништо.
Додека најголемите европски клубови на почетокот на овој век трагаа по таленти ширум светот, еден скаут на Манчестер Јунајтед решил да ја напушти својата богато платена работа. Се викал Том Вернон.
За време на работата за трофејниот англиски клуб Вернон често заминувал во Африка како скаут и сфатил дека на црниот континент има огромен број врвни таленти кои никогаш нема да добијат вистинска шанса. Повеќето немале никакви услови за тренинг а многумина немале ниту услови за школување.
Вернон сметал дека проблемот не е во талентот туку во системот. Поради тоа во 1999-та година во Акра, главниот град на Гана ја основал академијата Right to Dream. Неговата идеја била во целост поинаква од се што до тогаш постоело. Фудбалот како фудбал не му била единствена цел. Еднакво важни му биле образованието, дисциплината, карактерот и развојот на личноста.
Само мал процент од децата стануваат професионални фудбалери. Вернон сакал и тие кои нема да успеат во тоа да добијат прилика за квалитетен живот низ образование. Неговата академија со години работела речиси под радар но набрзо почнале да стигнуваат првите сериозни резултати.
Млади играчи од Гана добивале стипендии од американските универзитети и школи а најдобрите завршувале во европскиот фудбал. Но Вернон набрзо видел и еден проблем - ако сака целосна контрола над развојот над играчот мора да има и свој европски клуб. Тогаш истекнала идејата која ќе ја смени историјата на клубот Нордсјеланд.
Многумина би помислиле дека идеална средина би биле Холандија, Белгија или Португалија. Но Вернон размислувал поинаку а Данска нудела речиси совршени услови. Лигата е доволно квалитетна младите играчи да напредуваат а притисокот на резултати не е ни приближно голем како во најголемите европски лиги.
Животот во Данска е мирен, без културолошки шокови што е посебно важно за младите фудбалери кои првпат ја напуштаат Африка. Притоа данскиот фудбал со години има репутација на еден од најдобрите развојни системи во Европа.
Нордсјеланд станал идеална завршна станица.
Талентираните играчи од Африка прво поминуваат низ академијата Right to Dream, потоа доаѓаат во Данска, се навикнуваат на европскиот фудбал и живот, добиваат минути во Суперлига а дури потоа одат во најсилните лиги на светот.
Нордсјеланд е на некој начин мост меѓу два света.
Во повеќето европски клубови најдобрите играчи остануваат што е можно подолго, а во Нордсјеланд ситуациајта е целосно поинаква - таму е успех кога играч ќе замине што е можно поскоро, што поскапо и што поспремен. Тоа звучи парадоксално но на таа филозофија почива цел систем.
Мохамед Кудус, Симон Адингра, Ернест Нуама, Мохамед Диоманде, Андреас Шјелдеруп се само некои од најпознатите имиња во светскиот фудбал кои потекнале од школата на Нордсјеланд и сите за енколку години повеќекратно си ја зголемиле својата пазарна вредност.
Денес, повеќе од една деценија откако Right to Dream го презел Нордсјеланд, јасно е дека овој клуб веќе не е само скромен учесник на данската Суперлига, туку станал еден од најважните развојни центри на европскиот фудбал.
Натпреварите на Нордсјеланд редовно ги следат бројни скаути, а неговите трансфери веќе не се изненадување туку очекување.