Гендузи: 60.000 луѓе ми го навредуваат семејството, а судијата не реагира

Матео Гендузи на големо ја славеше елиминацијата на Лион во ЛШ со својот Фенербахче, клубот кој важи за најголем ривал на неговиот поранешен клуб Олимпик Марсеј. Потоа провоцираше со што го навлече гневот на домашните навивачи за на крај мечот да кулминира со тепачка. Но и тој има свои замерки.

„60.000 луѓе ми го навредуваа семејството, мајката, децата, дури и пред натпреварот, а никој од страната на судиите не им кажува на публиката да биде тивка. За мене тоа беше непочитување. Ако сакате да се шегувате, тогаш тоа е во двата правци. Освен тоа, ако повеќе не можеме да славиме на начинот на кој сакаме, мислам дека е штета. Имам право да славам. Нема ништо злонамерно во знакот јули. Секој знае дека навивам за Олимпик Марсеј, никогаш не сум го криел тоа. Гледав натпревари каде што играчите на Лион слават пред трибините на Велодром. Тоа мора да функционира во двата правци“.

Летаа боксови во Лион, Гендузи провоцираше па се степа со навивач

27 август 2026 - 11:13