Откако УЕФА прва жестоко удри по Инфантино и неговите планови и соопшти дека тие ќе бојкотираат Светски првенства во случај Инфантино да продава акции од истото, поддршка во борбата против него стигна и од КОНКАКАФ (Фудбалска федерација на Централна и Северна Америка и Карибите) и од Азија (АФЦ) кои објавија отворено писмо.
Џани Инфантино планирал да основа нова компанија која би била филијала на ФИФА, односно приватна фирма ФИФА ФОРВАРД ЕНТЕРПРАЈЗ (ФФЕ).
Планот бил оваа фирма да продава акции од Светското првенство односно да управува со комерцијални права и со права за продажба на билети за сите натпревари под закрила на ФИФА меѓу кои и Светско првенство. Уште од старт компанијата би требала да продаде 21% од акциите на приватна компанија од блиското опкружување на претседателот на САД Доналд Трамп.
„ФИФА би направила ужасна грешка ако од која било причина дури и размислуваат смена на претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастично, штотуку го предводеше најуспешното Светско првенство, и тоа четири пати. Ако тој замине, никогаш (Светското) нема да биде успешно и профитабилно како сега“, рекол Трамп за неговиот пријател Инфантино.
Во меѓувреме во заедничко отворено писмо, УЕФА, Конкакаф и АФЦ, три конфедерации кои ги претставуваат Европа, Северна Америка, Централна Америка, Карибите и Азија соопштија дека тие би бојкотирале Светско првенство доколку тоа се продава преку акции на приватни компании. Трите конфедерации разговарале меѓусебно дали Инфантино треба да остане на позицијата претседател на ФИФА.