Незаборавен дочек: 25.000 луѓе го „крунисаа“ Салах во Трабзон

Во Турција имало и ќе има неверојатни пречеци на нови играчи но она што го доживеа египетската ѕвезда Мохамед Салах тешко дека ќе се повтори. Откако слета во Истанбул каде потпишал договор и поминал медицински прегледи, попладнето се упатил со авион за Трабзон. Околу 25.000 навивачи на Трабзонспор го пречекале со огномети, бакљи, песни, тапани...

Салах доаѓа како слободен играч после цели девет години минати во Ливерпул. Во Трабзонспор ќе заработува неверојатна плата од 17 милиони евра годишно, која со бонуси може да достигне и до 22 милиони евра.

Како дополнување на платата, Египќанецот задржа дури 20% од вкупните приходи од продажбата на дресови и маркетинг производи со неговиот лик.

 

6 август 2026 - 14:30