Почнува интересно Европско атлетско првенство - кои ѕвезди да се гледаат?

Најголемите европски атлетски ѕвезди се во Бирмингем каде од 10-ти до 16-ти август ќе се борат за вредните одличја во година кога нема Олимписки игри и ќе ја отворат натпреварувачката сезона на отворено. Ивановски единствен Македонец.

Европското првенство во Бирмингем ќе ги собере најдобрите атлетичари на континентот, на само неколку недели пред 'Ultimate' (Ултимејт) - новото натпреварување во организација на Светската атлетска федерација од 11-ти до 13-ти септември.

За европското злато ќе се борат десет актуелни светски шампиони - од кои некои настапуваат во поинакви дисциплини од оние на кои ќе се натпреваруваат во Бирмингем: Исак Надер (1.500 метри), Џими Гресие (5.000/10.000 метри), Арман Дуплантис (скок со стап), Матија Фурлани (скок во далечина), Педро Икардо (троскок), Даниел Стол (фрлање диск) и Лео Нојгебауер (десетобој).

Кај жените најмногу се очекуваат настапите на Фемке Бол (800 метри), Дитаџи Камбунџи (100 метри со пречки) и Марија Перез (полумаратон), 

Покрај нив, на Европското атлетско првенсво ќе учествуваат и актуелните олимписки шампиони како што се: Јаког Ингебригтсен (5.000 метри), Дуплантис (скок со стап) и Милтијадис Тентоглу (скок во далечина) во машка конкуренција, 

Јарослава Махучих (скок во вис) и Јемиси Мабри (фрлање кугла) во женска конкуренција, како и славната репрезентација на Холандија во мешана штафета 4х400. 

МАКЕДОНИЈА СО 1 ПРЕТСТАВНИК

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе биде единствен претставник на Македонија на ова Европско првенство. Дарио ќе трча во квојата најсилна дисциплина - маратон и ќе се обиде достојно да ја претстави Македонија.

Интересно ова ќе биде прв континентален атлетски собир кој се одржува на британско тло. Европското ќе се одржи на реновираниот стадион „Александер“ во Бирмингем каде ќе има повеќе од 1.600 спортисти од 49 земји во вкупно 50 дисциплини.

АРМАН ДУПЛАНТИС - НОВ ШОКАНТЕН ПОРАЗ ИЛИ РУТИНСКА ТИТУЛА?

Првиот шокантен пораз го доживеа на почетокот на јуни на атлетскиот митинг „Баухаус-Галан“ во Стокхолм пред домашна публика. Таму забележа два неуспешни обиди на шест метри и уште еден на 6,05 метри што го смести на второ место зад Австралијанецот Кертис Маршал.

Подоцна на митингот во Лондон, „Мондо“ Дуплантис исто заврши втор откако од предострожност се повлече: претходно имаше еден неуспешен обид на 5,85 метри а тогаш триумфираше Американецот Сем Кендрикс. 

Сега Дуплантис пак ќе се проба на Европското првенство, овојпат во Бирмингем, Ако биде во добра форма му нема рамен. На хартија негов најголем ривал е грчкиот атлетичар Каралис кој за време на сезоната во сала скокна неверојатни 6,17 метри и тој се издвојува како најголем предизвикувач на Дуплантис. Иако ни тој немаше импресивни резултати во сезоната на отворено.

ТРКА НА 400 МЕТРИ СО ТРИ ОД ЧЕТВОРИЦАТА НАЈБРЗИ ЕВРОПЈАНИ

Трката на 400 метри на ова Европско првенство е најатрактивна трка и најмногу очекувана. На неа ќе има дури тројца од четворица најбрзи Европјани во историјата. 

Главен фаворит е Метју Хадсон-Смит (31) од Велика Британија. Тој е олимписки вицешампион а во моментов го држи и европскиот рекорд на 400 метри со истрчани време 44:09.

Французинот Веса постави државен рекорд во Франција со време од 44,24 и заедно со Британецот Добсон (44,69) и Унгарецот Атила Молнар ќе бидат главни ривали во борбата за европско злато.

ТРКАТА НА 800 МЕТРИ ЌЕ БИДЕ НАЈОТВОРЕНА, ИМА ДУРИ 12 КАНДИДАТИ ЗА МЕДАЛ

На Европсково атлетско првенство најизрамнета трка се очекува да биде онаа на 800 метри. Ирецот Марк Инглиш (1:42,97) кој се искачи на подиумите на сите досегашни настапи на Европски првенства на кои учествувал било на отворено било во сла, но златниот медал секогаш му бегаше од рака па сега тоа е негова главна цел во Бирмингем иако конкуренцијата ќе биде жестока.

Интересно дури 11 атлетичари на 800 метри сезоанва истрчале побрзо од 1:44,00. Меѓу нив и актуелниот европски шампион и двократен олимписки финалист Габриел Туал, како и Макс Бургин. Во трката на 800 метри ќе се натпреваруваат и Шпанците Мо Атауи кој го брани среброто освоено во Рим пред две години и Давид Барозо кој е најголема шпанска ѕвезда во подем.

10 август 2026 - 10:27