Павел дебитирал токму против Оренбург на 22-ри март годинава кога имал само 16 години и четири месеци. Во историјата на Спартак Москва помлад дебитант од него бил само Алексеј Ребко.
Павел после натпреварот и посакал здравје на мајка му на која и го посветил првиот погодок во професионален фудбал. „Емоциите се неверојатни! Голема благодарност до управата и стручниот штаб. Посебно сакам да кажам дека мајка ми оздраве. Таа преживеа болест. Голема благодарност што ја имам“, рекол малиот Павел кој во иднина би можел да стане и репрезентативец на Русија.
Тој е роден кај Томск, во селото Светли каде растел. На еден мал турнир го забележал скаут на Краснодар. Тој добил покана од овој руски голем клуб па во прво време тренирал и играл со 1 година повозрасни деца. Татко му Владимир кажал дека тогаш немало негова возрасна категорија.
После три години во академијата на Краснодар Павел Полех отишол во Спартак Москва на 13 години а клубот од руската престолнина дури и платил одредена сума обештетување за него зошто во Краснодар сите млади играчи се под договор. Спартак се согласил да плати.
Минатата сезона одиграл 12 натпревари за Спартак 2, втората екипа на московскиот клуб.