Даде гол, падна во тунел и се повреди – па му го поништија

Коритиба го победи 2-1 Шапекоенсе во натпревар од 22. коло на бразилската Серија А. Сепак, овој дуел остана во сенка на една глупава епизода на домашниот капитен Жејси. Тој постигна гол и во прославата се повреди и тоа на ретко бизерен начин.

Жејси пред крајот на првиот дел погоди со глава и веднаш тргна кон трибината за да го прослави голот со навивачите. Во еуфорија го прескокна рекламниот панел, но не забележа дека веднаш зад него има отворена дупка во кој пропадна. 

Се повреди а и голот му го поништија:

 

9 август 2026 - 17:32