За таа цел Динамо Дрезден го менува „куќниот ред на правила на користење“ на стадионот „Рудолф Харбиг“. Со воведување нови правила сега исклучително ќе им се забрани на инфлуенсери и влогери да ги снимаат натпреварите и атмосферата на трибините со намера таа содржина да ја преточат во заработка.
Во дел 5, точка 7 веќе е наведено:
„Забрането е правење фотографски, аудио, видео или други медиумски снимки за комерцијална употреба во рамките на објектот без претходна јасна согласност од СДПГ (Stadion Dresden Projektgesellschaft) или од соодветниот организатор на настанот.
Оваа одредба веќе важеше за сите настани на стадионот. Но во последните недели таа е проширена: „За настани организирани од СГ Динамо Дрезден е.В., креирањето содржини со споредлив досег или намера за монетизација (на пример од страна на инфлуенсери, креатори на содржини, влогери, стримери или слични) е дозволено само со изречно претходно одобрение од клубот. Ова се однесува и на поседување и користење опрема за гореспоменатите цели“.

Како одговор на новинарски прашања, од клубот Динамо Дрезден рекле: „Според договорот, правата за пренос на домашните натпревари на СГ Динамо Дрезден им припаѓаат на ТВ партнерите на Втората Бундеслига. Бидејќи врз таа основа е забрането секакво објавување со цел монетизација (заработка), претставниците на клубот веќе некое време се фокусираат на преиспитување и прилагодување на соодветните правила на стадионот „Рудолф Харбиг“.
Второлигашот намерува стриктно да ја спроведува забраната на домашните натпревари. Велат дека ќе се координираат со службата за обезбедување во врска со спроведување на мерките и со потенцијални обуки чија цел ќе биде да се подигне свеста по ова прашање за време на натпреварите“, велат од Дрезден