Марк Волтер претходно го купил својот удел наводно за околу 10 милијарди долари што стана нов рекорд. Го купи мнозинскиот контролен пакет акции од семејството Бас кое едногласно го одобри Управниот одбор на НБА во октомври 2025-та година.
„Како доживотни НБА симпатизери, длабоко сме почествувани од можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес Лејкерс, една од најзначајните спортски франшизи на светот. Имаме огромна почит кон водството и визијата на Џери и Џини Бас. Наша долгорочна посветеност ќе биде да градиме тим врз темели, да се натпреваруваме на највисоко ниво и да му служиме на овој извонреден клуб, на неговите навивачи и градот Лос Анџелес, пишале Кушнер и Игер во заедничко соопштение.
Легендарниот Џери Бас ги купи Лејкерс за 67,5 милиони долари во далечната 1979-та година а во таа зделка спаѓале и хокеј тимот Лос Анџелес Кингс и Лос Анџелес арената позната сега како КИА Форум.
По смртта на Џери Бас во 2013-та, сопственоста ја наследија неговите шест деца.
ЛА Лејкерс со 17 шампионски титули се втора најтрофејна франшиза во НБА зад Бостон Селтикс кој има 18 пехари.