Јанакопулос сакал да го доведе Никола Јокиќ во Панатинаикос

Во разговор со водителите подкастот „Еуро инсајдерс“, ексцентричниот газда на Панатинаикос и еден од најбогатите Грци, Димитрис Јанакопулос открил дека уште летово пратил понуда за Никола Јокиќ.

Навивачите на Панатинаикос живеат лето од соништата. Нивниот сопственик милијардерот Јанакопулос им ја оствари желбата и прво го врати Жељко Обрадовиќ на клупата (им донесе на времето 23 пехари од кои дури 5 европски титули на Панатинаикос).

После него во клубот стигнаа врвни засилувања како Жерсон Јабуселе, Силван Франциско (на веќе постоечкиот Кендрик Нан), Мустафа Фал од најголемиот ривал Олимпијакос, Исак Бонга и Бранку Бадио.

На гости во неговиот замок во Суни на Егејското море, Јанакопулос одговарал на разни прашања. Едно било мошне интересно.

„Личноста која би сакал да ја потпишам прекина да игра кошарка и стана генерален менаџер. Милош Теодосиќ. Веројатно после Шарас најпаметен човек на теренот а после Дијамантидис најталентиран на теренот. Тие тројца се лига за себе. Би го сакал него. Еден киграч кој ми е сон пак, него ќе го потпишам следната година....

Имам веќе три центри со тригодишни договори. Не знам каде ќе застанам. Тоа размислував синоќа. Јабуселе, Лесор, Фал, фантастично, каде ќе застане? Никола Јокиќ! Најдобриот на светот! Добро, не се смејте! Ако не го потпишам не си одам никаде“, рекол Јанакопулос и открил:

„Годинава пробав да дадам понуда. Прашајте го Мишко (Ражнатовиќ менаџерот на Јокиќ). Ќе речат луѓето дека се шегувам но им пратив сериозна понуда и нему и на неговиот тим. Ме одбија, знам дека има договор на уште една година. Знаете бројки колку заработува. Сакав да му ја откупам последната година од договорот. Требаше неколку секунди да кажат: „Кој? Грција? Што? Каде? Како? Ќе видиме следната година...“.

Никола Јокиќ е во последната година од договорот со Денвер Нагетс и има 62 милиони долари годишно (кога ќе се одбие на даноци во САД, остануваат 30 милиони долари) па веројатно и во таа сума треба да се бара цифрата која Јанакопулос им ја понудил на Нагетс.

11 август 2026 - 10:26