Бурен пречек за Влаховиќ и Лукаку во Истанбул

По неколку месечно натегање каде ќе ја продолжи кариерата, Душан Влаховиќ замина од Јувентус и потпиша со турски Бешикташ. Ќе заработува околу 10 милиони евра годишно плус бонуси па тоа е една од причините што се реши да оди во турската Суперлига. Во Истанбул на аеродром го пречекале стотина навивачи во транс. Исто и со Лукаку кој потпиша со Фенербахче и си отиде од Наполи.

Турскиот фудбал живее ѕвездени моменти. Откако Трабзонспор сензационално го доведе Мохамед Салах и направи шоу, сега и Лукаку и Влаховиќ пристигнаа во турската Суперлига.

Интересно Белгиецот откри дека како мал живеел во Турција извесно време и дека враќањето таму му е емотивно. Татко му Роже Лукаку играл за клубот од Анкара, Генчлербирлиги во сезоната 1996-1997 а Ромелу како дете трчал по терените во клупската база.

Сега Фенербахче не ја соопшти сумата но италијанските медиуми велат дека на Наполи му е платено 6 милиони евра за трансфер плус бонуси. Лукаку во кариерата играше за Андерлехт, Челси, ВБА, Евертон, Манчестер Јунајтед, Интер, Рома и Наполи.

Постигна 316 гола во својата клупска кариера од кои 18 во Лига на шампиони. Тој е прв стрелец во историјата на белгиската репрезентација со 93 гола.

13 август 2026 - 10:07